Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16966
Title: Основи за раскин на договорот за продажба според Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки (1980)
Authors: Коцев, Љубен 
Keywords: Виенска конвенција, раскин на договор, суштествена повреда, меѓународно трговско право
Issue Date: 2020
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Коцев, Љ. (2020). Основи за раскин на договорот за продажба според Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки (1980). Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 55, 107-120
Journal: Годишник на Економски Факултет, том 55, 2020
Abstract: Меѓународната трговија на стоки денес се одвива со динамично темпо. Вообичаено е да се склучуваат бројни договори помеѓу купувачи и продавачи од најразлични делови на светот. Во голем број на случаи договорите за продажба се склучуваат помеѓу лица кои не се познаваат, и кои можеби никогаш нема да се сретнат. Овие договорни односи се под влијание на огромен број општествени и природни фактори. Многу често, една од страните е спречена од објективни или субјективни причини да ја исполни во целост или делумно својата обврска од договорот. Имајќи ја предвид вредноста на договорите за меѓународна трговска продажба, неправилно раскинување на договорот може да доведе до плаќање огромни суми како надомест на штета. Поради ова, од огромно значење е за страните кои се оштетени да имаат правна сигурност, и да знаат под кои услови можат да го раскинат договорот без да трпат штетни последици. Конвенцијата на Обединетите нации за меѓународна продажба на стоки (во понатамошниот текст Виенска конвенција) е еден од најзначајните правни инструменти во областа на меѓународното трговско право, и најважен правен инструмент во доменот на меѓународната трговска продажба. Имајќи ја предвид широкораспространетата употреба на Виенската конвенција, како и огромниот бројот на случаи пред судовите и арбитражните трибунали кои решаваат спорови применувајќи ги нејзините одредби, сметаме дека е неопходно во овој труд да се даде разработка на основите за раскин на договорот предвидени во Конвенцијата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16966
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Љубен Коцев.pdf748.5 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

87
checked on Mar 28, 2024

Download(s)

113
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.