Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16802
Наслов: Степен на функционална активност на учениците со попреченост во редовните училишта
Authors: Танеска, Симона
Keywords: ученици со попреченост, степен на функционирање, инклузивни училишта
Issue Date: 2022
Publisher: Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Танеска, Симона (2022). Степен на функционална активност на учениците со попреченост во редовните училишта. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет, УКИМ.
Abstract: Лицата со попреченост се со долготрајни физички, ментални, интелектуални или сетилни оштетувања кои, во интеракција со одредени бариери, можат да го попречат нивното целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа на другите. Најголем дел од учениците со попреченост денес се вклучени во редовните училишта, но треба да се запрашаме за нивниот степен на функционалност во тие училишта, односно дали овие ученици добиваат квалитетно образование. Целта на ова истражување е да се утврди степенот на самостојно функционирање на учениците со попреченост во рамките на инклузивните училишта: да се види влијанието на видот и степенот на попреченоста, влијанието на возраста кај учениците со попреченост и влијанието на полот кај учениците со попреченост во нивното самостојно функционирање во рамките на инклузивните училишта. Инструмент: индивидуални досиеја на испитаниците и скала за проценка на „Училишната евалуација за окупациона терапија“. Популација и примерок: Во ова истражување се вклучени 45 ученици со попреченост (по пет ученици од прво до деветто одделение) и 45 ученици со типичен развој (по пет ученици од прво до девето одделение). Учениците се од седум инклузивни училишта во општина Прилеп. Резултати: Учениците со попреченост во редовните училипшта во општина Прилеп имаат потреба од минимална помош при нивната функционална активност што се гледа од добиените резултати каде што во 85,75 % од сите активности кои се испитуваат преку инструментот, овие ученици имаат просечна оценка од 1,5 до 2,5. Учениците со типичен развој 100 % се независни при изведување на функционалните активности и, споредбено со резултатите од учениците со попреченост, се многу подобри. Женските ученици со попреченост дадоа подобри резултати во однос на машките ученици со попреченост и учениците со попреченост од шесто до деветто одделение дадоа подобри резултати во однос на учениците со попреченост од прво до петто одделение, но сепак и на двете групи ученици им е потребна минимална помош во сите сфери на функционирање во инклузивните училишта. Со сето ова се потврдува основната хипотеза на ова истражување која гласи: „Учениците со попреченост ќе имаат послаби функционални способности и ќе бидат во поголем степен зависни при изведување на училишните активности“.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2022 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Оливера Рашиќ Цаневска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16802
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
staneska2022.pdf2.28 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

46
checked on 18.4.2024

Download(s)

46
checked on 18.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.