Добросостојба кај адолесценти со попреченост и нивна мотивација за постигнувања
Date Issued
2022
Author(s)
Анѓеловска, Сандра
Abstract
Децата со попреченост и нивната интеграција во инклузивно образование подразбира нивна соодветна мотивација, особено на адолесцентите треба да им се укаже на можностите и начинот на кои истите може да се надградат и да израсат во индивидуи на кои ќе им се даде еднаква шанса да учествуваат во општественото живеење. Притоа, мотивацијата како внатрешна движечка сила на адолесцентите на попреченост да им овозможи да бидат креатори на нивната добростојба и целосна општествена интеграција. Секако, овие процеси се макотрпни долги скапи и бараат вклучување на посебни специјализирани и едуцирани човечки ресурси кои ќе работа со овие деца бараат и поинакви специфични услови за дел од нив но сепак се возможни и практично применливи како што постојат и многу примери во светот па и во нашата држава. Овој труд подетално ќе се занимава со состојбата на адолесцентите со некаков вид на попреченост, нивната општествена интеграција преку инклузивноста образование и нивната мотивација за постигнување на сопствените цели. За таа цел, покрај теоретскиот приод кон мотивацијата ќе бидат поединечно анализирани и инклузивното образование, неговите функции и значење како и можностите што истото ги нуди. Дополнително на ова во истражувачкиот дел на трудот покрај претставувањето на податоците од истражувањето ќе следи и детална анализа на тековната состојба со адолесцентите со попреченост и инклузивното образование во Република Северна Македонија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sangelovska2022.pdf
Size
1.36 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c4b1e3ef160f5196e0fd222340514b67
