Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16740
Наслов: Квалитет на оркестрирани сервиси во околина на облак кај 5G мобилни мрежи
Authors: Китанов, Стојан
Keywords: 5G, Cloud Computing (CC), Edge Computing, Fog Computing, Fog Networking, Internet of Everything (IoE), Internet of Things (IoT), Mobile Cloud Computing (MCC), Mobile Edge Computing (MEC), Web of Things (WoT)
Issue Date: 2018
Publisher: ФЕИТ, УКИМ, Скопје
Source: Китанов, Стојан (2018). Квалитет на оркестрирани сервиси во околина на облак кај 5G мобилни мрежи. Докторска дисертација. Скопје: ФЕИТ, УКИМ.
Abstract: Огромниот пораст на паметните мобилни уреди предизвика корисниците да побаруваат сѐ поголем број на сѐ присутни мобилни широкопојасни сервиси споредливи со фиксниот широкопојасен Интернет. Во таа насока на глобално ниво постојано се зголемува бројот на истражувачките иницијативи за 5G мобилните мрежи. 5G мрежите ќе делуваат како нервен систем на дигиталното општество, на економијата и на секојдневниот живот на луѓето и нови парадигми на Интернет сервиси, како на пример „Нешто како Сервис“ (Anything as a Service), каде уредите, терминалите, машините, паметните уреди и роботите ќе станат иновативни алатки кои ќе генерираат апликации, сервиси и податоци и истовремено истите ќе ги користат. Со цел да се задоволат барањата за огромните количества за обработка на податоци и сѐ поголемите интелигентни мрежни побарувања кај 5G мрежите, главен тренд во минатата декада е насочување на обработка, процесирање и складирање на податоците во Околина на Облак (Cloud Computing). Но самиот облак се соочува со огромен број на ограничувања во поглед побарувањата за сѐ помала латентност (доцнење), висок степен на мобилност, висока скалабилност и извршување на операциите во реално време. Нова парадигма наречена обработка на податоци во Околина на Магла (Fog Computing) се појави со цел за да ги разреши ограничувањата кај Облак технологијата. Маглата го проширува Облакот до работ на мрежата до самите кориснички уреди, со што прави дистрибуција на обработката и процесирањето на податоци како и дистрибуција на мрежните сервиси поблиску до крајните корисници. Тоа е архитектура каде дистрибуираните крајни корисници соработуваат со други корисници и облаците со цел да се изврши обработка на податоци, контрола, вмрежување и менаџирање на управувањето со податоци. Примената на Маглата кај 5G мрежите ќе придонесе значително да се подобрат перформансите на мрежата во смисла на спектрална и енергетска ефикасност, понатаму ќе се овозможи директна безжична комуникација на уред со уред, и ќе се даде поддршка на растечкиот тренд на виртуелизација на мрежните функции и одделување на интелигенцијата на мрежната контрола од хардверот на радио делот на мрежата. Овој докторски труд прави евалуација на квалитетот на оркестрираните сервиси во околина на магла кај 5G мрежите преку доцнењето (латентноста), битскиот проток кај корисниците (throughput), и енергетската ефикасност. Воедно е предложен модел за селекција на најдобрата 5G мрежна технологија во зависност од типот на сервисите кои имаат одредени побарувања за битски проток, доцнење, енергетска ефикасност и слично. Анализата на резултатите од овој труд покажуваат дека 5G мрежите ќе имаат голема придобивка од имплементација на Магла технологијата, бидејќи Магла технологијата поседува механизми кои ќе се справат со новите сервиси кои допрва доаѓаат, а воедно побаруваат ниска латентност, висок степен на мобилност, висока скалабилност и извршување во реално време.
Опис: Докторска дисертација одбранета во 2018 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, под менторство на проф. д–р Тони Јаневски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16740
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
S_FEIT_StojanKitanov2018.pdf5.74 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

21
checked on 3.5.2024

Download(s)

20
checked on 3.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.