Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Квалитет на оркестрирани сервиси во околина на облак кај 5G мобилни мрежи
Details

Квалитет на оркестрирани сервиси во околина на облак кај 5G мобилни мрежи

Date Issued
2018
Author(s)
Китанов, Стојан
Abstract
Огромниот пораст на паметните мобилни уреди предизвика корисниците да побаруваат сѐ поголем број на сѐ присутни мобилни широкопојасни сервиси споредливи со фиксниот широкопојасен Интернет. Во таа насока на глобално ниво постојано се зголемува бројот на истражувачките иницијативи за 5G мобилните мрежи. 5G мрежите ќе делуваат како нервен систем на дигиталното општество, на економијата и на секојдневниот живот на луѓето и нови парадигми на Интернет сервиси, како на пример „Нешто како Сервис“ (Anything as a Service), каде уредите, терминалите, машините, паметните уреди и роботите ќе станат иновативни алатки кои ќе генерираат апликации, сервиси и податоци и истовремено истите ќе ги користат. Со цел да се задоволат барањата за огромните количества за обработка на податоци и сѐ поголемите интелигентни мрежни побарувања кај 5G мрежите, главен тренд во минатата декада е насочување на обработка, процесирање и складирање на податоците во Околина на Облак (Cloud Computing). Но самиот облак се соочува со огромен број на ограничувања во поглед побарувањата за сѐ помала латентност (доцнење), висок степен на мобилност, висока скалабилност и извршување на операциите во реално време. Нова парадигма наречена обработка на податоци во Околина на Магла (Fog Computing) се појави со цел за да ги разреши ограничувањата кај Облак технологијата. Маглата го проширува Облакот до работ на мрежата до самите кориснички уреди, со што прави дистрибуција на обработката и процесирањето на податоци како и дистрибуција на мрежните сервиси поблиску до крајните корисници. Тоа е архитектура каде дистрибуираните крајни корисници соработуваат со други корисници и облаците со цел да се изврши обработка на податоци, контрола, вмрежување и менаџирање на управувањето со податоци. Примената на Маглата кај 5G мрежите ќе придонесе значително да се подобрат перформансите на мрежата во смисла на спектрална и енергетска ефикасност, понатаму ќе се овозможи директна безжична комуникација на уред со уред, и ќе се даде поддршка на растечкиот тренд на виртуелизација на мрежните функции и одделување на интелигенцијата на мрежната контрола од хардверот на радио делот на мрежата. Овој докторски труд прави евалуација на квалитетот на оркестрираните сервиси во околина на магла кај 5G мрежите преку доцнењето (латентноста), битскиот проток кај корисниците (throughput), и енергетската ефикасност. Воедно е предложен модел за селекција на најдобрата 5G мрежна технологија во зависност од типот на сервисите кои имаат одредени побарувања за битски проток, доцнење, енергетска ефикасност и слично. Анализата на резултатите од овој труд покажуваат дека 5G мрежите ќе имаат голема придобивка од имплементација на Магла технологијата, бидејќи Магла технологијата поседува механизми кои ќе се справат со новите сервиси кои допрва доаѓаат, а воедно побаруваат ниска латентност, висок степен на мобилност, висока скалабилност и извршување во реално време.
Subjects

5G, Cloud Computing (...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

S_FEIT_StojanKitanov2018.pdf

Size

5.61 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):69b50dc370db87abab77e8221d28cc92

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify