Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16496
Title: Еден (не сосема) пријателски договор и блокадата на проширувањето на Европската Унија
Authors: Ванковска, Билјана 
Keywords: Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, Преспански договор, Европска Унија, проширување
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, УКИМ
Source: Ванковска Б. (2021), „Еден (не сосема) пријателски договор и блокадата на проширувањето на Европската Унија“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, год. 74
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Abstract: Договорот за пријателство меѓу Софија и Скопје беше едно од првите надворешнополитички достигнувања на новоформираната Влада предводена од Зоран Заев во 2017 година. Тој беше претставен како конечно затворање на еден долготраен билатерален спор меѓу двете соседни земји, којшто би отстранил една пречка на патот кон интеграцијата во ЕУ. Меѓутоа, подоцнежниот Преспански договор (склучен речиси година дена подоцна) ја зеде сета слава и јавно внимание. Вистинската политичка тежина и слабостите на Договорот за пријателство станаа очигледни дури во декември 2020 година, кога бугарското вето го попречи отворањето на процесот за преговори за полноправно членство. Оваа статија го анализира и евалуира Договорот и неговите импликации преку политичка и правна призма. Клучната премиса е дека наместо поплочување на патот кон ЕУ, набрзина склучениот договор се покажа не само како нова пречка на патот, туку и како фактор на продлабочување на заемната недоверба и тензии меѓу двата народа. Пресвртот до кој дојде со воведувањето на новата методологија за проширување на ЕУ, во содејство со бугарското вето, го направи балканскиот заплет уште посложен од порано. Македонската држава е вратена на почетниот праг, слично како и во случајот во спорот со Грција, но сега заплеткана со друг билатерален спор и со идентитетски прашања кои немаат ништо заедничко со добрососедските односи и/или со Копенхашките критериуми. Напротив, овој доста потценет спор може да има силно влијание врз одржливоста на македонската држава на среден или долг рок. Главниот заклучок е дека застојот во процесот на проширување на ЕУ истовремено претставува и причина и последица на неспособноста на Брисел да ги разбере и разреши длабоките конфликти на Балканот, што истовремено покажува и дека членството во ЕУ само по себе не е лек за вкоренетиот и сè уште присутен национализам и шовинизам.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16496
DOI: 10.37510/godzbo2174359v
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Vankovska, 2021, GZ Bugarski dogovor mkd.pdf604.69 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

82
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

42
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.