ДЕГЕНЕРАТИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ЦЕРВИКАЛНИОТ СЕГМЕНТ ОД ‘РБЕТОТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ
Journal
Medicus
Date Issued
2020
Author(s)
Janevski, Georgi
Abstract
Вовед: Една од главните причини за рефракторна вратна болка е дегенеративното заболување на цервикалниот
сегмент од `рбетот. Наша цел е да го прикажеме типот на дегенеративното заболување на цервикалниот сегмент
од `рбетот кај овие пациенти.
Материјали и методи: Студијата е аналитичка-трансверзална студија во која беа користени МР прегледите на
цервикалниот `рбет и податоците од прашалниот дизајниран за оваа студија. Фокусната група се состои од 98
испитаници на возраст од 35-70 год. со рефракторна вратна болка.
Резултати: Нашата студија покажа дека кај 77 испитаници постои надув на еден или повеќе интервертебрални
дискови додека кај 50 испитаници резултатите од МР на цервикалниот сегмент од ‘рбетот покажаа дека постои
протрузија на еден или повеќе интервертебрални дискови. Ваквиот наод незначајно е асоциран и со трауматска
повреда на вратот (Chi-square=0,54 df=1 p=0,46).
Заклучок: Надув на интервертебрален диск на цервикалниот сегмент од ‘рбетот како патолошка промена е
чест кај симптоматските пациенти и се регистрира кај 78,57% од испитаниците. Од друга страна појавата на
дискус хернија не е толку честа и се јавува кај нешто повеќе од половина од испитаниците (51,02%).

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Труд 2 ( Medicus).pdf
Description
ДЕГЕНЕРАТИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ЦЕРВИКАЛНИОТ СЕГМЕНТ ОД ‘РБЕТОТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ
Size
335.63 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4ebde11a12e419708100597b9af81325