Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16195
Наслов: Тестирање на слабата форма на хипотезата за ефикасни пазари: случајот на Македонската берза на хартии од вредност
Other Titles: Testing the weak form of efficient market hypothesis: the case of the Macedonian stock exchange
Authors: Танеска, Христина
Keywords: ефикасност, пазари на капитал, принос, аномалии на пазарот
Issue Date: 2020
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Танеска, Христина (2017). Тестирање на слабата форма на хипотезата за ефикасни пазари: случајот на Македонската берза на хартии од вредност. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ.
Abstract: Во денешни инвестициони услови, тестирањето на пазарната ефикасност е од голема важност. Во изминатите години софтверските решенија и развојот на ова поле овозможија развој на моќни алатки со кои се остваруваат подобри перформанси на тргување и се зголемуваат можностите за користење на аномалиите на пазарот за остварување натпросечен принос. Оваа состојба е поизразена на пазарите на капитал во развој, кои најчесто не го поминуваат тестот, согласно хипотезата на ефикасност на пазарот. Овие пазари се покажуваат како неефикасни, во слабата форма на хипотезата. Ефикасниот пазар е место каде што постои натпревар за максимизација на профитот помеѓу голем број рационални индивидуи, кои се во обид да ги предвидат идните вредности на хартиите од вредност и место каде што сите важни релевантни информации се достапни до сите инвеститори. Според хипотезата, цените на акциите на ефикасен пазар се рефлексија на сите достапни информации. Емпириските истражувања на хипотезата за ефикасност на пазарот во земјите од Југоисточна Европа говорат дека степенот на ефикасност се разликува од една во друга земја. Генерално, неефикасноста е повеќе правило отколку исклучок. Од друга страна, пак, обликувањето на стратегија за тргување која би овозможила остварување натпросечни приноси е повеќе теорија отколку реалност бидејќи станува збор за пазари во развој, за кои се карактеристични слаба ликвидност и високи трансакциони трошоци. Предмет на истражување на овој труд е тестирањето на хипотезата за случаен од на индивидуална хартија од вредност. Цел на истражување на трудот е да се извлече заклучок за состојбите и особеностите во движењето на цените. Поконкретно, да се утврди можноста за креирање натпросечно профитабилна стратегија преку инвестирање на македонскиот пазар на капитал, со користење техничка анализа. Тестот на слабата форма на ефикасност на македонскиот пазар на капитал е спроведен преку тестови на автокорелација и тестови на движење. Спроведените тестови детектираат т.н. сомнителни автокорелации (spurious autocorrelation) во дневните разлики во цените, кои се резултат на намалената ликвидност која е присутна на македонскиот пазар на капитал. Во согласност со овие резултати, техничка анализа која се базира на месечните разлики во цени не овозможува остварување натпросечен принос бидејќи месечните цени се движат по случаен од, додека пак анализа на долга временска серија на дневни цени може да овозможи да се креира профитабилна инвестициона стратегија. Во случајот што е предмет на анализа во овој труд може да се констатира дека цените на акциите не се движат по случаен од и имплицираат неефикасност. Сепак, учесниците на македонскиот пазар на капитал имаат лимитирачки фактори поради трансакционите трошоци, недостигот на информации и зголемената неизвесност.
Опис: Докторска дисертација одбранета во 2020 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Михаил Петковски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16195
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
S-HristinaTaneska2021.pdf2.1 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

30
checked on 25.7.2024

Download(s)

118
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.