Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16194
Title: Мерење на динамиката на демографските промени и нивните импликации врз одржувањето на економската и социјалната сигурност во Република Македонија: трендови и проекции
Authors: Миладинов, Горан
Keywords: старосна структура, стареење, меѓугенерациски трансфери, социјална и економска сигурност, проекции
Issue Date: 2017
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Миладинов, Горан (2017). Мерење на динамиката на демографските промени и нивните импликации врз одржувањето на економската и социјалната сигурност во Република Македонија: трендови и проекции. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ.
Abstract: Опаѓањето на стапката на морталитет и продолжувањето на очекуваното траење на животот, во комбинација со намалување на стапката на фертилитет доведе до денешната ситуација на сé постепено стареење на населението во Република Македонија. Со цел да се одржи социјалната и економската сигурност на населението од особен интерес на истражувањето се меѓугенерациските трансфери, соодносите на старосна зависност како и трошоците на пензискиот и здравствениот систем низ изминатите години како и проекциите во иднина. Од една страна, соодносите на старосна зависност и соодносот на зависност на старите имаат тенденција да се зголемуваат, што теоретски имплицира на намалување на трансферите за постарите лица во иднина, со стареењето на населението. Од друга страна, поновите истражувања се соочуваат со предизвикот на негативниот ефект од зголемените трошоци на државата, како дел од БДП наменети за пензискиот и здравствениот систем и одржување на благосостојбата во државата. Во рамките на тезите го анализираме влијанието на старосната структура во контекст на одржувањето на социјална и економска сигурност на населението во различни нивоа во рамките на системот, а исто така ги анализираме и другите ефекти кои што може да се случат на различни нивоа од анализата. Најпрво, ја анализираме динамиката на фертилитетот и промените во семејните односи во изминатиот период во повеќе од две декади на макро ниво. Второ, ги анализираме и ги утврдуваме тенденциите за движењето на населението во Македонија и изработуваме проекции за старосната и полова структура на населението применувајќи го методот на компоненти. Понатаму, со помош на податоците од проекциите за старосната структура на населението и демографските индикатори на стареењето на населението, го истражуваме влијанието на стареењето врз учеството во работната сила, соодносите на старосна зависност и сл. И на крајот го моделираме морталитетот, го проекцираме идното движење на морталитетот и ги проучуваме меѓугенерациските трансфери и соодносот на трансферите во државата. Се фокусираме на социо-економските импликации како резултат на демографските промени и на проекцираните трошоци за пензии и здравствена заштита како и за идниот дизајн за пензионирањето, а изработуваме и проекции за идниот број на пензионери и соодносот на осигуреници и пензионери. Сосема на крајот користиме симулации и сценарија за трошоците за пензии, процентот за БДП наменет за пензии и бројот на осигуреници во иднина во Република Македонија. Резултатите од истражувањето ја потврдуваат општата хипотеза на докторската дисертација дека зголемената долговечност и нискиот фертилитет, како и процесот на демографско стареење може да доведат до негативни социо-економски последици во областа на меѓугенерациските трансфери, пазарот на труд, здравствената заштита, националниот буџет и социјалните трансфери во Македонија.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2017 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Весна Буцевска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16194
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-GoranMiladinov2017.pdf3.22 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

24
checked on Jul 25, 2024

Download(s)

44
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.