Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16194
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorМиладинов, Горанen_US
dc.date.accessioned2022-01-23T11:36:25Z-
dc.date.available2022-01-23T11:36:25Z-
dc.date.issued2017-
dc.identifier.citationМиладинов, Горан (2017). Мерење на динамиката на демографските промени и нивните импликации врз одржувањето на економската и социјалната сигурност во Република Македонија: трендови и проекции. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ.en_US
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/16194-
dc.descriptionДокторска дисертација одбранета во 2017 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Весна Буцевска.en_US
dc.description.abstractОпаѓањето на стапката на морталитет и продолжувањето на очекуваното траење на животот, во комбинација со намалување на стапката на фертилитет доведе до денешната ситуација на сé постепено стареење на населението во Република Македонија. Со цел да се одржи социјалната и економската сигурност на населението од особен интерес на истражувањето се меѓугенерациските трансфери, соодносите на старосна зависност како и трошоците на пензискиот и здравствениот систем низ изминатите години како и проекциите во иднина. Од една страна, соодносите на старосна зависност и соодносот на зависност на старите имаат тенденција да се зголемуваат, што теоретски имплицира на намалување на трансферите за постарите лица во иднина, со стареењето на населението. Од друга страна, поновите истражувања се соочуваат со предизвикот на негативниот ефект од зголемените трошоци на државата, како дел од БДП наменети за пензискиот и здравствениот систем и одржување на благосостојбата во државата. Во рамките на тезите го анализираме влијанието на старосната структура во контекст на одржувањето на социјална и економска сигурност на населението во различни нивоа во рамките на системот, а исто така ги анализираме и другите ефекти кои што може да се случат на различни нивоа од анализата. Најпрво, ја анализираме динамиката на фертилитетот и промените во семејните односи во изминатиот период во повеќе од две декади на макро ниво. Второ, ги анализираме и ги утврдуваме тенденциите за движењето на населението во Македонија и изработуваме проекции за старосната и полова структура на населението применувајќи го методот на компоненти. Понатаму, со помош на податоците од проекциите за старосната структура на населението и демографските индикатори на стареењето на населението, го истражуваме влијанието на стареењето врз учеството во работната сила, соодносите на старосна зависност и сл. И на крајот го моделираме морталитетот, го проекцираме идното движење на морталитетот и ги проучуваме меѓугенерациските трансфери и соодносот на трансферите во државата. Се фокусираме на социо-економските импликации како резултат на демографските промени и на проекцираните трошоци за пензии и здравствена заштита како и за идниот дизајн за пензионирањето, а изработуваме и проекции за идниот број на пензионери и соодносот на осигуреници и пензионери. Сосема на крајот користиме симулации и сценарија за трошоците за пензии, процентот за БДП наменет за пензии и бројот на осигуреници во иднина во Република Македонија. Резултатите од истражувањето ја потврдуваат општата хипотеза на докторската дисертација дека зголемената долговечност и нискиот фертилитет, како и процесот на демографско стареење може да доведат до негативни социо-економски последици во областа на меѓугенерациските трансфери, пазарот на труд, здравствената заштита, националниот буџет и социјалните трансфери во Македонија.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherЕкономски факултет, УКИМ, Скопјеen_US
dc.subjectстаросна структура, стареење, меѓугенерациски трансфери, социјална и економска сигурност, проекцииen_US
dc.titleМерење на динамиката на демографските промени и нивните импликации врз одржувањето на економската и социјалната сигурност во Република Македонија: трендови и проекцииen_US
dc.typeThesisen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
S-GoranMiladinov2017.pdf3.22 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи едноставен запис

Page view(s)

24
checked on 25.7.2024

Download(s)

44
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.