Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15232
Наслов: Улогата на корпоративната безбедност во справување со современи безбедносни предизвици
Authors: Тасевски, Душко
Keywords: Корпоративна безбедност, планирање, проценка, закани, ризик
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тасевски, Д. (2021). Улогата на корпоративната безбедност во справување со современи безбедносни предизвици. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет
Abstract: Целта на овој труд е да ја претставиме улогата на корпоративната безбедност во делот на менаџирање на корпорациите за успешен просперитет на пазарот од аспект на внатрешни и надворешни закани кои и претстојат на една компанија. Давање на поголем акцент на корпоративната безбедност која најчесто е маргинализирана од страна на сопствениците и останатите гранки во корпорацијата, сметајќи ја за гранка која не е толку битна за да се даде поголемо значење. Вклучувањето на корпоративната безбедност во целиот систем на раководење на една корпорација претставува предизвик за менаџерите, а е неминовен дел за ефикасно менаџирање на безбедноста како дел од една компанија. Корпоративната безбедност е единственото решение кое гарантира мир, стабилност на внатрешни и надворешни вредности, како и стабилна економија која е значаен фактор без кој денешните мултинационални компании неможат да опстанат. Со критичка дискусија ќе се фокусираме на безбедноста на компаниите и критичните прашања кои го попречуваат нејзиното спроведување во делот на корпорацијата. Од аспект на физичката и информациската безбедност ќе се фокусираме на справување со современите безбедносни предизвици. Во дел од трудот ќе се фокусираме на теоретскиот пристап на безбедноста во компанијата, важноста, формите и квалитетите на добро поставените стандарди на корпоративната безбедност. Развивањето на дискусија околу постапките за безбедносните процедури на компанијата, во кои се планираат безбедносните процедури што треба една компанија да ги следи во рамките на корпорациската безбедност за вработените, клиентите и имотот. Овие постапки вклучуваат планирање, проценка и анализа на ризик, безбедносни мерки и безбедносни политики, спроведување и мониторинг на усогласеноста на безбедносните мерки/политики на една компанија.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Оливер Бакрески.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15232
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
dtasevski2021.pdf789.89 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

125
checked on 25.4.2024

Download(s)

140
checked on 25.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.