Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15232
Title: Улогата на корпоративната безбедност во справување со современи безбедносни предизвици
Authors: Тасевски, Душко
Keywords: Корпоративна безбедност, планирање, проценка, закани, ризик
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тасевски, Д. (2021). Улогата на корпоративната безбедност во справување со современи безбедносни предизвици. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет
Abstract: Целта на овој труд е да ја претставиме улогата на корпоративната безбедност во делот на менаџирање на корпорациите за успешен просперитет на пазарот од аспект на внатрешни и надворешни закани кои и претстојат на една компанија. Давање на поголем акцент на корпоративната безбедност која најчесто е маргинализирана од страна на сопствениците и останатите гранки во корпорацијата, сметајќи ја за гранка која не е толку битна за да се даде поголемо значење. Вклучувањето на корпоративната безбедност во целиот систем на раководење на една корпорација претставува предизвик за менаџерите, а е неминовен дел за ефикасно менаџирање на безбедноста како дел од една компанија. Корпоративната безбедност е единственото решение кое гарантира мир, стабилност на внатрешни и надворешни вредности, како и стабилна економија која е значаен фактор без кој денешните мултинационални компании неможат да опстанат. Со критичка дискусија ќе се фокусираме на безбедноста на компаниите и критичните прашања кои го попречуваат нејзиното спроведување во делот на корпорацијата. Од аспект на физичката и информациската безбедност ќе се фокусираме на справување со современите безбедносни предизвици. Во дел од трудот ќе се фокусираме на теоретскиот пристап на безбедноста во компанијата, важноста, формите и квалитетите на добро поставените стандарди на корпоративната безбедност. Развивањето на дискусија околу постапките за безбедносните процедури на компанијата, во кои се планираат безбедносните процедури што треба една компанија да ги следи во рамките на корпорациската безбедност за вработените, клиентите и имотот. Овие постапки вклучуваат планирање, проценка и анализа на ризик, безбедносни мерки и безбедносни политики, спроведување и мониторинг на усогласеноста на безбедносните мерки/политики на една компанија.
Description: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Оливер Бакрески.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15232
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
dtasevski2021.pdf789.89 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

45
checked on May 25, 2022

Download(s)

20
checked on May 25, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.