Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1413
Title: Историскиот развиток на етно-политичките заедници во Македонија до крајот на раниот Среден век
Authors: Зоговиќ, Соња
Keywords: историски развиток, историски процес, етнос, Македонија, Балкан, Индоевропејци, Словени, Склавинии, Византија, племенски сојузи, акултурација, адопција
Issue Date: 1997
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Зоговиќ, С. (1997). Историскиот развиток на етно-политичките заедници во Македонија до крајот на раниот Среден век. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Движечките сили на историските процеси cg своите делувава доведуваат до смена на општествените формации и влијаат врз појавата и развитокот на етногенетските процеси кои од своја страна ja обликуваат етничката историја на етно - политичките заедници. Балканскиот Полуостров во овој склоп се разгледува како историско - географска целина коja ги обединувала (и се уште тоа го прави), различните според јазик и самосвест, а помалку според културата етно - политички заедници кои се појавувале и исчезнувале во историското време и простор. Всушност овие етноси не исчезнувале, туку по пат на акултурација се трансформирале во нови етно - политички заедници кои повторно станувале активни актери во историското време и простор. Уште пред Големата преселба и доаѓањето на Словените на просторите на Македонија, (неколку милениуми пред ова) се одвивал процесот на акултурацијата помеѓу Доиндоевропските староседелци и новодојдените Индоевропејци. Со доаѓањето на Словените етничката и демографската структура на Македонија повторно се изменила. Словенско население не се претопило и не го асимилирало затекнатото население. Историскиот развиток на етногенетските процеси врз етно-политичките заедници одел подеднакво, па, со време на територијата на Македонија доаѓа до потполна акултурација на етнички веќе хетерогеното население. На тој начин, новоформираниот етнос имал заеднички јазик (словенски), територија, самосвест и општа култура. Што се однесува до антрополошкиот тип, тој не бил истовтенни ни кај постарото население на Македонија, ни кај Словените. Според тоа, во периодот од IV-III милениум п.н.е. до средината на XI век од н.е. на територијата на Македонија се појавуваат, се формираат, се трансформираат и исчезнуваат етноси во склоп на етно - политичките заедници, кои својата природа, битието, мисловениот процес и културата ja вткајуваат во структурата на македонскиот народ. Тежнението да се бараат и да се објаснат праизворите на појавите кои ќе се манифестираат подоцна ja наметнува потребата од понираве во длабочините на IV и III милениум п.н.е. Од друга страна, поводот да се заврши ова истражуваае со XI век од н.е., е стремежот мотивиран од сознанието дека историскиот развиток до овој период веќе ги беше заокружил историските и етничките процеси кои водат до формирање на посебната самосвест на овој етнос во склоп на Самуиловата монархија. Периодот по смртта на царот Василиј II претставува interregnum во историскиот развиток на Византија, а ќе биде отбележан со востанијата на Петар Дељан и Ѓорѓи Војтех, кога поголемиот дел од Словените на територијата на Царството за последен пат ќе востанат од Дунав до Егеј и од Јадран до Солун, заправо во одбрана и зачувуваве на таа самосвест.
Description: Докторска дисертација одбранета во 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1413
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
szogovic1997.pdf41.36 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

99
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

622
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.