Дали може позитивниот туберкулински тест да корелира со појавата на алергија?
Journal
Македонски медицински преглед = Macedonian medical review
Date Issued
2000
Author(s)
Hristova, Marija
Nikolovski, Ljupco
Sazdovski, Angelce
Seckova, Lidija
Abstract
Постои сугестија дека намалувањето на инфекциите во детството претставува еден од одговорните фактори за зголемената преваленца на алергиските болести во последните три децении. Неодамна е реферирана негативна асоцијација меѓу позитивниот туберкулински одговор и алергиските болести. Цел на овој труд беше да се утврди улогата на туберкулинскиот одговор во појавата на алергија кај 84 деца со неспецифична опструктивна белодробна болест врз основа на вредноста на тоталниот серумски ИгЕ (ELISA) и кожниот “prick” тест (SPT). Сите деца имаа примено BSG-вакцина по раѓањето и ниту едно од нив не боледуваше од туберкулоза. За статистичка анализа на резултатите беше користе x2-тестот. Кај 25 од 37 пациенти со позитивен туберкулински одговор и кај 19 од 47 со негативен туберкулински одговор беше добиена зголемена вредност на тоталниот ИгЕ (p<0,05 со доминација на пациентите со негативен туберкулински одговор и нормална вредност на тоталниот ИгЕ). 19 од 28 со позитивен туберкулински одговор и 17 од 32 со негативен туберкулински одговор имаа позитивен SPT (p>0,05). Не е утврдена корелација и превентивно дејство на позитивниот туберкулински одговор врз појавата на алергија.
