Динамика на преваленцијата на астма кај млади адолесценти во 4-годишен временски интервал во Скопје
Journal
Македонски медицински преглед = Macedoniam medical review
Date Issued
2008
Author(s)
Seckova, Lidija
Kimovska, Mica
Sazdovski, Angelce
Nikolovski, Ljupco
Abstract
Вовед. Испитување на динамиката на преваленцијата на астма и симптомите на астма во 4-годишен временски интервал кај млади адолесценти од Скопје.
Методи. Анализирани се самореферираните податоци од прашалникот за астма на Интернационалната студија за астма и алергии во детството-фаза 3, од 3026 испитаници во 2002 год. и 1088 испитаници во 2006 год. од Скопје. За споредување на преваленцијата на астма и симптомите на астма е користен тестот chi-квадрат.
Резултати. Во 2006 год. наспроти 2002 год. е утврдена сигнификантно пониска преваленција за wheezing (W) кога и да било (15,3% наспроти 18,4%), W-асоциран со напор во последните 12 месеци (7,9% наспроти 14,2%), сува ноќна кашлица во отсуство на белодробна инфекција во последните 2 месеци (13,6% наспроти 16,5%) и несигнификантно пониска преваленција на W во последните 12 месеци. (7,2% наспроти 8,8%). Обратно, за тежок W во последните 12 месеци и дијагностицирана астма е добиена несигнификантно повисока преваленција во 2006 наспроти 2002 год. Преваленцијата на користење на инхалациски кортикостероиди во однос на дијагностицирана астма кога и да било беше сигнификантно повисока во испитувањето во 2006 год. (3,6% наспроти 2,1%). Само 25,6% од испитаниците кои користеле инхалациски кортикостероиди имале дијагноза на астма.