Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/13278
Наслов: Бронхијален карциноид кај 11 годишно машко дете
Other Titles: Bronchial carcinoid in an 11-year-old boy
Authors: Kirovski, Ilija 
Nikolovski, Ljupco
Sazdovski, Angelce
Vlashki, Emilija 
Seckova, Lidija
Micevska, Vesna 
Miskova, Sofija 
Cvejoska Cholakovska, Valentina
Jancevska, Aleksandra
Issue Date: 2007
Publisher: Медицински факултет - Скопје
Journal: Македонско списание за медицина = Macedonian Journal of Medicine
Abstract: Бронхијалните карциноиди се ретки белодробни невроендокрини неоплазми кои претставуваат 1%-2% од сите белодробни тумори. Може да манифестираат широк спектар на клиничко однесување и хистолошки карактеристики и да бидат градирани од типични карциноиди па се до атипични агресивни карциноиди. Прикажуваме машко дете на возраст од 11 години со рецидивирачки бронхити и пневмонии во тек на 1 година пред хоспитализација. Мотив за хоспитализација беа пролонгирана кашлица и градна болка. При аускултација на бели дробови регистрирано ослабено дишење и визинг во предел на десната страна на градниот кош. Рентгенграфијата на бели дробови (ртг) покажа ателектаза во предел на предниот сегмент на десниот горен лобус. Започната терапија со цефтриаксон која доведе до подобрување на состојбата. Контролната ртг не покажа ремисија. Компјутеризираната томографија (КТ) на граден кош покажа присуство на ендобронхијална маса во бронхот за предниот сегмент на десниот горен лобус. Со фибер-бронхоскопија се потврди постоење на туморозна маса во бронхот. Патохистолошкото испитување во прилог на бронхијален карциноид. Направена лобектомија при што беше отстранет горниот десен белодробен лобус. Седум години по извршената интервенција детето е во добро здравје и без симптоми на болест. Бронхијалните карциноиди се тумори кои можат да бидат малигни со можност за метастазирање. Клиничкото познавање и раната дијагноза се важни фактори во превенција на морбидитетот и морталитетот. Третманот е хируршки при што се настојува да се зачува колку е можно повеќе функционално белодробно ткиво. Со правилна навремена дијагноза и интервенција пациентите имаат одлична прогноза. По направена интервенција се препорачува понатамошно следење на пациентот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/13278
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

147
checked on 10.10.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.