Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12404
Title: Макроекономска стабилност и анемичен економски раст – некои „нелогичности“ во македонската економија
Authors: Гоцков Ѓорѓи 
Keywords: стабилност, економски раст, ликвидност, профитабилност, каматни стапки, биланс на плаќање
Issue Date: 2018
Publisher: МАНУ
Source: Гоцков, Ѓ., (2018), “Макроекономска стабилност и анемичен економски раст – некои „нелогичности“ во македонската економија“, Зборник на трудови од Научна конференција - Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија, 191-211, МАНУ
Conference: Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија
Abstract: Македонската економија во изминатите 15-20 години се карактеризира со нагласена макроекономска стабилност и анемичен економски раст. Имено, во сите сегменти од економијата е присутна стабилноста: реалниот сектор оперира во амбиент на релативно висока ценовна стабилност; во екстерниот сектор имаме стабилен девизен курс, релативно низок и одржлив дефицит на тековната сметка од билансот на плаќање и солвентна позиција на надворешната задолженост на економијата; фискалниот сектор воглавно се карактеризира со урамнотежени буџетски салда и релативно низок јавен долг; банкарскиот сектор не претрпе позначајни потреси и остана стабилен одржувајќи високи вредности на иникаторите за стабилност. Сепак, ваквата изразена стабилност не беше следена со остварување на позначајни стапки на економски раст, туку напротив македонската економија во изминатите две децении растеше со умерено и незадоволително темпо, реализирајќи мало придвижување во реалната конвергенција кон ЕУ. Ваквата состојба пркоси и делумно противречи на бројните теоретски и емпириски истражувања кои укажуваат на позитивната и поттикнувачка врска помеѓу макроекономската стабилност и економскиот раст. Слабата функционалност на горната врска во основа го поставува прашањето: дали пренагласената макроекономска стабилност во македонската економија дејствува ограничувачки на економскиот раст, или проблемот со недоволниот раст треба да се бара во други сегменти од македонската економија, прифаќајки дека макроекономската стабилност е потребен, но не и доволен услов за остварување на економски раст. Трудот нема за цел да даде целосен одговор на прашањето, туку настојува да идентификува одредени нелогичности во политиките и движењата во македонската економија кои можат да помогнат во објаснувањето на слабата функционалност на врската макроекономска стабилност – економски раст. За таа цел предмет на анализа е банкарскиот и нефинансискиот сектор од аспект на нивната ликвидност, профитабилност и поврзаност, настојувајќи да се објасни состојбата на преликвидни и истовремено профитабилни банки, а неликвиден корпоративен сектор. Високата ликвидност на банкарскиот сектор истовремено ја детерминира и поставеноста на монетарната политика, која честопати дејствува проциклично на движењата во македонската економија и во услови на de facto фиксен девизен курс ги одржува каматните стапки на релативно повисоко ниво. Трудот настојува да утврди нелогичности и во екстерниот сектор, анализирајќи ги приливите и одливите по основ на странски директни инвестиции во услови на ниско даночно оптоварување, како и релативно подолготрајната нето-штедачка позиција на приватниот сектор.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12404
ISBN: 978-608-203-251-1
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Зборник МАНУ 2019.pdf20.64 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

97
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

148
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.