Улогата на NGAL, Cystatin C и B2 microglobulin како рани маркери за дијабетична нефропатија кај пациенти со дијагностициран дијабетес мелитус тип 2 : ревијален труд
Journal
Medicus
Date Issued
2020-08
Author(s)
Besarta Jonuzi Ibraimi
Muhamed Ibraimi
Abstract
Дијабетичната нефропатија (ДН) е прогресивно бубрежно оштетување кое се карактеризира со нарушување на бубрежната архитектура и функција, и е една од водечките причини за трајно бубрежно оштетување. Во секојдневната пракса во Р. Северна Македонија за детекција на ДН се користат серумскиот креатинин, микроалбуминурија и гломеруларна филтрациона рата. Меѓутоа овие стандарни тестови не овозможуваат секогаш детекција на почетни оштетувања кај ДН. Има многу студии кадe што се испитуваат различни маркери
кои би откриле бубрежно оштетување пред да се покачат стандардните маркери за детекција на ДН. Меѓу тие маркери се и NGAL, Cystatin C и β2-microglobulin. NGAL, Cystatin C и β2-microglobulin, биомаркери на бубрежно оштетување, се во корелација со пад на бубрежната функција кај пациенти со ДМ тип2, што укажува на тоа дека тие може да се користат како дополнителни тестови на постоечките (креатинин и микроалбуминурија) со
цел да се демаскира раната бубрежна дисфункција.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
medicus-gusht-2020.pdf
Size
157.23 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):30b7d19588055f56c5760ff6767d4a23