ЕФЕКТОТ НА ХИПЕРБАРНАТА ОКСИГЕНО ТЕРАПИЈА – КАКО АДЈУВАНТНА ТЕРАПИЈА ВО ЗАЗДРАВУВАЊЕТО НА ХРОНИЧНИТЕ РАНИ
Journal
Medicus
Date Issued
2019
Author(s)
Ѓорѓеска Андријана
Дохчева Карајованов Ивана
Abstract
Преваленцата на хроничните бавно зараснувачки рани во развиените земји е 1-2% од генералната популација
и е слична со преваленцата на срцевите заболувања. За жал морбидитетот и трошоците за
третман на хроничните рани се често игнорирани од општеството бидејки преставуваат мултидисциплинарен
проблем. Според последните податоци во САД за само една година 6,5 милиони луѓе побарале медицинска
помош за хронични рани што ја чинело државата 25 милиони долари.
Хроничните рани претставуваат рани каи кои редоследот и времето на репаративните процеси се нарушени.
Поради тоа е оневозможено воспоставување на анатомски и функционален интегритет на ткивото. Хроничните
раниимаат значајно влијание на здравјето и квалитетот на живот на пациентот и нивните семејства
предизвикувајќи болка,инвалидитет,депресија,социјалнаизолација,финансиски трошоци,пролонгирана
хоспитализација и смртен исход.
Материјал и метод -Во студијата беа вклучени 30 пациенти над 18 години со рани кои перзистираат повеќе од
4 недели и кои се поголеми од 1 cm².
Резултати - Резултатите покажаа дека во сите три групи беше добиено сигнификантно намалување на
површината на раната
(по 40 ХБО експозиции во првите две групи) во период од два месеци (p < 0.01).
Заклучок- Хипербарната оксигено терапија како адјувантен третман заедно со стандардната обработка на
раните овозможува нивно поефикасно зараснување, а со тоа придонесува за намалување на хоспитализацијата,
инвалидноста и го подобрува квалитетот на животот на пациентите.
Од двата протоколи на ХБОТ подобри резултати во третманот на раните покажа протоколот од 2.2 АТА 90
минути и 40 експозиции.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Efektot na hiperbarnata oksigeno terapija kako adjuvantna terapija vo zazdravuvanjeto na hronicnite rani.pdf
Size
2.32 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):65b61f953bdadd21f7c35bbe774f4d1c