Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1066
Наслов: Вовед во етиката
Other Titles: Introduction to Ethics
Authors: Донев, Дејан 
Issue Date: 2018
Publisher: UKIM
Source: Донев Д. Вовед во етиката. УКИМ. Скопје, 2018
Опис: Целта во првиот дел од учебникот е да се понуди можен одговор како етички да се постапува и зошто. Во вториот дел од учебникот, бидејќи се работи за еден можен вовед во етиката, опфатени се и разработени теми, пред сè, од практичката, т.е. применетата етика. Основната намера беше да се приближат, колку што е тоа можно, поголем број од тие теми, бидејќи составен преглед на истите денес, половина век од возбукнувањето на расправата за практичката етика, речиси е невозможно да се даде. Ова оттаму што истражувањата во ова подрачје се толку многу проширени што е навистина тешко да се опфатат сите релевантни теми и стојалишта. Токму затоа идејата беше расправата за нив да не биде плод на размена на жестоки интуиции и догматизам. Напротив, истата да биде продукт на обмислена и доследна аргументација, во духот на либералниот и индивидуалистичкиот пристап и перспектива, која во моментот, се чини дека е најоптимална теориска и практичка рамка за задоволување на индивидуалните и општествените интереси внатре една стабилна заедница. При ова, не претендирајќи на целосна логичка потполност, „схоластичка“ систематичност и синтетички поглед на проблемите во и со етиката кај нас и во светот, туку само на проблемски увид во некои специфични гледишта од тематиката – основната намера на овој продукт (универзитетски учебник) е да помогне во посистематско здобивање, анализирање и совладување на знаења, согласно наставните единици по предметот Етика на студиите по философија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во оваа смисла, во однос на една посистематска подготовка на сегашните и идните студенти, во нивната пракса, но и истовремено, уште повеќе и во надополнување на и онака преголемата пукнатина и простор во недостигот од етичка литература во продукција на домашните „водечки“ мислители на оваа тема.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1066
ISBN: 978-9989-43-416-7
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 01: Textbooks / Учебници

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Donev D. - Voved vo etikata (2018).pdf19.25 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

357
Last Week
1
Last month
10
checked on 18.4.2024

Download(s)

227
checked on 18.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.