Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1065
Title: Философија на менаџерството
Other Titles: Philosophy of management
Authors: Донев, Дејан 
Issue Date: 2014
Publisher: UKIM
Source: Донев Д. Философија на менаџерството. УКИМ. Скопје, 2014
Description: Со ренесансата на менаџерското мислење и дејствување, која започна некаде во 80-тите години на минатиот век, дотогаш упатените во менаџментот упорно работеа на идентификување на основните принципи што ќе може да се применат на многубројните менаџмент ситуации. Но, заклучоците беа, а некаде во некои земји се се уште збунувачки. Менаџирањето, т.е. управувањето се претвори во теорија за случајноста во менаџирањето, според која, крајниот резултат на тоа што треба да се стори во која и да е ситуација е - „тоа зависи“. Се покажа дека научниот менаџмент на кој се полагаше голема надеж стана конфузен. Неговите најнови и најдобри принципи, всушност, се штетни, затоа што ја охрабруваат аналитичката рамнодушност повеќе отколку увидот што доаѓа од достапното искуство и од краткорочното намалување, наместо долгорочната технолошка конкуренција. Со тоа се направи поместување на мислењето што започна да го карактеризира новиот менаџмент, а дотогашното деловно мислење го насочи отаде традиционалните граници. Имено, се осозна дека менаџирањето со производните сили и економските фактори и процеси не е само за да се остварат економските предуслови за гол опстанок, туку тоа е дел од севкупното постоење и дејствување на луѓето. Економската философија и етика се едни од најсуштествените практички философии и етики на човештвото. Преку нивната целосна современа обнова и подем треба да се дојде нужно до ревалоризација на постојните вредности, а оттука и до изградба на аксиолошки систем кој ќе овозможи создавање на такво менаџерство и менаџери кои не само што ќе ја исполнуваат својата основна функција во економските процеси туку ќе бидат и активни чинители во создавањето на вид философија и етика која ќе ги поврзе целите на менаџерството со заедничка цивилизациска цел- одржување и развој на севкупното бионаследство на светот и на човештвото. Затоа и во рамките на философијата се испитуваат суштината и смислата на менаџментот, а во рамките на етиката моралните димензии, етичките предизвици и вредности на менаџерите. Напишани се голем број научни и популарни трудови за менаџментот, за неговите карактеристики и видови активност во разни сфери, меѓутоа најмалку е истражена токму оваа проблематика, за што е изработено ова дело, за кое се надевам дека ќе даде скромен придонес во оваа област.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1065
Appears in Collections:Faculty of Philosophy, Collection 01: Textbooks / Учебници

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
475_Filosofija_na_menadzerstvoto.pdf1.83 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

19
checked on Aug 24, 2019

Download(s)

3
checked on Aug 24, 2019

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.