Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1018
Наслов: Педагошките компетенции на наставниците по македонски јазик во основното образование во Република Македонија
Authors: Здравевска-Томеска, Гордана
Keywords: компетенции, педагошки компетенции, наставници
Issue Date: 2018
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Abstract: Меѓу бројните компетенции кои еден современ учител/наставник/професор треба да ги поседува, педагошките компетенции, секако, се мошне важни за квалитетот на воспитно-образовниот процес. Педагошки компетентниот наставник мора да поседува посебни педагошки знаења, вештини, но и особини на личноста кои се потребни за градење посебен однос со учениците, со родителите, со колегите, но и со сите учесници во воспитно-образовната работа. Само педагошки компетентен наставник со своите знаења и стекнати вештини може успешно да одговори на сите предизвици во работата. Магистерскиот труд ,,Педагошките компетенции на наставниците по македонски јазик во основното образование во Република Македонија“ e фокусиран на педагошките компетенции на наставниците по предметот македонски јазик (кои предаваат во основното образование), кои се само дел од компетенциите кои денешниот наставник мора да ги поседува, но и постојано да ги развива и да ги доусовршува. За потребите на овој магистерски труд направено е истражување со цел да се процени кои педагошки компетенции им се потребни на наставниците по македонски јазик од 6-то до 9-то одделение за успешна реализација на наставата по предметот македонски јазик. Истражувањето беше спроведено на примерок од 107 испитаници, во вкупно 51 училиште. Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека наставниците по македонски јазик во голема мера се согласуваат дека е многу важно истите да поседуваат педагошки компетенции за успешна реализација на современата настава по предметот македонски јазик. Исто така, испитаниците сметаат дека е многу значајно да учествуваат во различни форми на стручно усовршување (обуки, семинари, работилници), кои, секако, ќе им помогнат за развивање на педагошките компетенции. Се изјаснија дека учествувале во обуки на теми за зајакнување на педагошките компетенции и дека имаат потреба и во иднина да присуствуваат на такви обуки.
Опис: Магистерска теза одбранета на 13 декември 2018 година на Филозофскиот факултет во Скопје, пред комисија во состав: 1. проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска (ментор); 2. проф. д-р Зоран Велковски; 3. проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1018
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Magisterska Zdravevska-Tomevska.pdf1.1 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

62
checked on 18.7.2024

Download(s)

588
checked on 18.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.