ПРОЦЕНКА НА БУБРЕЖНАТА ФУНКЦИЈА КАЈ ХЕРОИНСКИ КОРИСНИЦИ
Journal
MEDICUS
Date Issued
2011
Author(s)
Suzana Petrovska
Nikola Licoski
Abstract
Нефротоксичноста кај хероински корисници може да асоцира со: нефротски
синдром, акутен гломерулонефритис, интерстициски нефритис, амилоидоза и рабдомиолиза.
Клинички бубрежните пореметувања најчесто се откриваат поради асимптоматска
протеинурија, а многу поретко со манифестен нефротски синдром. Студијата на пресек
опфаќа вкупно 60 хероински корисници, кај кои се направи проценка на бубрежната функција.
Испитуваните биохемиско-лабораториски анализи за проценка на бубрежната функција беа:
биохемиско-лабораториски анализи за проценка на гломеруларната филтрациска рата (ГФР):
калкулиран клиренс креатинин (ККК), серумски креатинин, 24ч. протеинурија,
ултрасонографија на бубрези, тест за вирусна инфекција (хепатитис, ХИВ). Резултатите
укажаа дека вредностите на креатинин во серум и ККК кај хероинските корисници се движи
во граници на нормала, меѓутоа вредностите на ККК се значајно пониски во однос на истите
од контролната група испитаници. Не се јави значајна поврзаност меѓу начинот на
апликација на хероин и појавата на бубрежното засегање. Времето на зависност покажа
статистичка значајна корелација со појавата на бубрежното засегање. Кај половина
испитаници е детектирана протеинурија. Користењето хероин го зголемува ризикот за
појава на протеинурија за двапати, а користењето хероин над две години го зголемува
ризикот за појава на протеинурија за пет пати. Кај испитуваната популациона група
опшаните промени се резултат на токсични ефекти на хероинот на бубрезите. Во
мултиорганските токсичности поврзани со користење хероин се присутни и благи бубрежни
пореметувања.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Medicus - Vol. XV (1) - Shoqata e Mjekëve Shqiptarë të Maqedonisë.pdf
Size
66.84 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3697255380ebac3380e53be4bf90faf5