Неблудната ќерка не се враќа: надминување на стравот од влијание (The Non-Prodigal Daughter Does Not Return: Overcoming the Anxiety of Influence)
Date Issued
2026-04-25
Author(s)
Editor(s)
Димитров, Славчо и Величковска, Мања
Abstract
Начинот на кој се третираат родот и сексуалноста во македонската книжевност во последниве десетина години покажува поголема свест кон феминистичките прашања. Имено, постои и дескриптивен (или немаркиран) однос кон родовите улоги, но многу почесто од претходно постои поизразена субверзија на структурите што традиционално определувале родови норми и улоги. Исто така, импликациите од феминистичките проучувања и
феминистичкиот пристап во книжевните дела се важни не само за женското книжевно писмо и не само за книжевниот дискурс, туку и многу пошироко: дека тие разобличуваат и други тврдења на патријархатот и општо на авторитарните идеологии, и дополнително градат поинаква етика, заснована врз прифаќање на другоста, во родова, но оттаму и во секоја друга смисла, што е видливо кај писателите, без оглед на нивниот род.