Расказот како жанровски и дискурзивен феномен во збирката „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски
Journal
Journal of Contemporary Philology, 3 (1), 2020, pp. 71–81.
Date Issued
2020-03
Author(s)
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP203
Abstract
Текстот претставува обид да се доближи творештвото на македонскиот писател и универзитетски професор Венко Андоновски низ интерпретација на расказите од збирката Припитомување на кучката. Појавата на оваа збирка значеше преиспитување на авторовите творечки модели, како и реактуализирање на наследените жанровски, стилски, мотивски и други елементи од литературата воопшто. Нашата анализа го зема најпрво предвид класичното поимање на расказот како жанр, кое може да се следи преку испитувањето на неговите жанровски својства, за потоа тие тези да бидат преосмислени во врска со потенцијалот на расказот како дискурзивен феномен. Анализирањето на расказите на Андоновски е направено соодветно на нивниот распоред во збирката, бидејќи таквиот редослед упатува и на постепената промена на авторовата перспектива во однос на расказот. Очекувано е дека одредени прашања ќе останат отворени, особено оние во однос на поимањето на жанровската структура, или во однос на валидноста на жанровските претпоставки. Сепак, расказите од оваа збирка сведочат за активното конфронтирање со гласовите на епохата, односно со масовната литература, која нуди инстантни варијанти за многубројни, често едноставно разбрани аспекти на она што се нарекува вештина на творење литературни текстови.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Article Text Vol. 3 No. 1 (2020).pdf
Size
663.38 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):18e5c9446b4d625aa50863f8b4d5cd6f
