(Зло)употребата на германскиот и на македонскиот јазик во политиката и преведувањето
Date Issued
2018
Author(s)
Емилија Бојковска, Emilija Bojkovska / Emina Avdic, Емина Авдиќ
Abstract
Во овој труд се анализира (зло)употребата на германскиот и на македонскиот јазик во политиката и преведувањето. Општо земено, германските „незборови“ делумно имаат негативна конотација поради поврзаноста со националсоцијализмот и претежно се поврзуваат со мигрантската криза, додека македонските анализирани изрази се однесуваат на државните симболи, спорот за името, статусот на албанскиот јазик итн. или се навредлив назив на политичкиот противник. Затоа, денотативниот еквивалент не ја изразува културната заднина на оригиналниот израз. Оттаму произлегува дека во најголемиот број случаи е потребен објаснувачки превод, што преставува посебен предизвик за преведувачот, кој мора да го одбере минималниот неопходен коментар за, од една страна, да не го разводни преводот, а од друга страна, да му го направи поимлив на читателот на преводот. Објаснувачки превод е излишен кога општествено-политичката ситуација произлегува од контекстот. Се разбира дека преводниот еквивалент зависи од целната група и дека во зависност од нејзините познавања на македонската култура и актуелна состојба, може и целосно да отсуствува
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
(Zlo)upotreba na germanskiot i na makedonskiot jazik vo politikata i preveduvanjeto.pdf
Size
761.47 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):cfa1d2818175186900a75e7c75c4b452
