Лексиката во преводите од англиски на македонски јазик на научна и стручна литература од економско-финансиската област
Date Issued
2014
Author(s)
Саздовска Пигуловска, Милена
Abstract
Јазикот претставува општествена појава поради непосредната врска со сите области од човековата дејност. Развитокот и промените во општеството влијаат и врз промени во јазикот, а особено врз лексиката, што ја прави особено интересна за истражување. Истражувањето во дисертацијата е тесно фокусирано на еден недоволно истражен дел од лексиката, а тоа е стручната лексика од економско-финансиската област. Лексичкото рамниште е најмногу изложено на промени бидејќи општествените промени се одразуваат и во лексиката. Целта на трудот е да се анализираат различните фази во развојот на лексичкиот фонд во македонскиот јазик од економско-финансиската област и од какви видови лексика е составен. Анализата на стручната лексика и техниките за нејзино преведување се заснова на современ корпус со голема практична вредност и широка примена, достапен за широка читателска публика во глобални рамки, а во преведено издание и за македонската јавност. Во заклучоците се понудени преведувачки
техники што можат да најдат соодветна примена во преведувачката практика во земјава.
техники што можат да најдат соодветна примена во преведувачката практика во земјава.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Doktorska disertacija_FINAL.pdf
Size
3.06 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6a348716b2c10e9b5f09b37c63cc3e99
