Испитување на солзниот филм кај птеригиум и по хирушка ексцизија на исиот со примена на слободен коњуктивален автотрансплантат
Date Issued
2009-10
Author(s)
Антова Велевска М
Ивановска М
Abstract
Цел: Да се одреди состојбата на солзниот филм кај пациенти со едностран птеригиум пред и после хируршкото отстранување со примена на конјунктивален слободен автотрансплантат од долната темпорална конјунктива.
Метод: иследувани се 25 пациенти со едностран примарен птеригиум. Солзниот филм е испитуван предоперативно и по еден месец од извршената ексцизија на птеригиумот со модификација на реконструктивната метода на слободна конјунктивална автотрансплантација со примена на графт од долната темпорална булбарна конјунктива.Schirmer-овиот тест со и без локален анестетик и тестот за прекршување на солзниот филм се тестовите со кои се испитува состојбата на солзниот филм кај здравото око, окото со птеригиум и постоперативно кај истите пациенти.
Резултати: Средното време на тестот на прекршување на солзниот филм е 13,4 сек кај здравото око (10,7 сек.-16.2 сек). Кај пациентите со птеригиум ова време беше значајно пократко и до 5,6 сек.(9,7 +/- 4,1), додека постоперативно после еден месец по хируршката екцизија средното време на прекршување на солзниот филм беше значајно продолжено (11,4+/- 2,7 сек.)
Кај Schirmer-овиот тест со употреба на локален анестетик навлажнувањето на филтер хартијата изнесуваше 16 мм ( од 14 мм до 18 мм) кај здравото око и 4,8 мм (од 3мм до 6,6 мм ) кај очите со птеригиум. Постоперативно навлажнувањето на Wathman филтер хартијата се зголеми и изнесуваше средно 15,5 мм (од14 мм до17 мм) додека вредностите на Schirmer-овиот тест без употреба на локален анестетик не се разликуваат значајно пред и пост оперативно кај очите со птеригиум.
Заклучок: Состојбата на солзниот филм кај пациенти со примарен птеригиум се подобрува пост оперативно после ексцизија со слободна конјунктивална автотрансплантација од долната булбарна темпорална конјунктива , со што се укажува на корелацијата на птеригиумот и сувото око.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
вибер 3.jpg
Size
189.74 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):62c3b3e8aa17953c02270314123af5e7
Loading...
Name
вибер 2.jpg
Size
240.75 KB
Format
JPEG
Checksum
(MD5):f1689b4a7ea665a23cf32d37046156a4