Драмата „Црне војвода“ од Марко Цепенков како феномен во македонската култура
Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Специфичниот развој на македонската литература од 19 век е засведочен и во нејзините следни етапи, особено на почетокот на 20 век, односно во периодот кој Миодраг Друговац го нарекува „нова преродба“. Во тоа време се појавува драмата на Цепенков, како надоврзување на една скромна традиција, која главно се исчитува низ делата на Јордан Х.К. Џинот и Војдан Чернодрински. Нашиот труд е насочен кон анализа на специфичното обликување на драмата во македонската литература, почнувајќи од сценско-дијалошките игри и карактеристичната битова тематика, па сѐ до обидот за градење на метаисториски драмски регистар кај Цепенков. Раскажувачкото творештво на овој македонски автор, кој во својата автобиографија на несекојдневен начин го претставува сопствениот лик, прекршувајќи го низ обликувањето на настаните, сосема јасно ни укажува дека станува збор за писател кој е иновативен и чии начини на творење треба да се разгледаат подетално и повнимателно. Цепенков е длабоко вкоренет во македонската културна традиција, чија автентичност и посебност е неспорна.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска Драмата „Црне војвода“ од Марко Цепенков-литературна секција.docx
Size
50.36 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):0ef7121b8eec70c4cb49dc1184d882f4
