Младиот Конески и драмскиот текст
Date Issued
2022
Author(s)
Антоновски, Иван
Abstract
Текстот поаѓа од фактот дека во анализите и валоризацијата на творечкиот опус на Блаже Конески, неретко, се изостава или само попатно, без позначајни анотации се споменува неговиот влог во македонската драма и театар во периодот по Втората светска војна, првенствено со напомнување на неговиот работен ангажман во Македонскиот народен театар. Притоа, одделно се задржуваме на препрочитување на драмскиот текст „Гладна кокошка просо сонуе“, којашто иако е едночинка, всушност е првиот публикуван и изведен
драмски текст од македонски автор во повоена Македонија. Драмскиот текст се анализира и од книжевна и од културолошка перспектива. Од една страна се анализира согласно со книжевно-теориските поимања за драмскиот текст, но едновремено, имајќи го во предвид и
општествено-политичкиот контекст во времето на неговото настанување, во него се препознаваат и мисловни, општествено- критички суптилности на младиот Конески. Текстот одново ги актуализира прашањата за опфатот на влогот на Конески во севкупната
македонска современа култура.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Zbornik_48_MNK-pages.pdf
Description
Младиот Конески и драмскиот текст
Size
7.18 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):baab04ae7e6d69cf3f9d41d47700c08b