Акантамеба кератитис
Journal
Македонски медицински преглед
Date Issued
2003
Author(s)
А. Брон
Abstract
Поради потешкотиите во дијагностицирањето и лекувањето, акантамеба кератитисот се уште претставува проблем во офталмологијата.Зголемената употреба на контактни леќи доведе до зголемување на честотата на јавување на акантамеба кератитисот (АК). Пациентот со дијагностициран АК беше 22 годишен студент, миоп, чија рефракциона аномалија била корегирана со меки контактни леќи.Тој се жалеше на прогресивна болка,фотофобија и црвенило на левото око.Забележан беше корнеален улкус.Се дотогаш неуспешно е лекуван со локални антибиотици и стероиди како и со антивирусни и антихистамински лекови.Пациентот напомна дека контејнерот за леќи го мие со вода од чешма. Основната паразитолошка дијагноза беше потврдена од матерјалот добиен со корнеална абразија и негова инокулација на агар предходно засаден со Escherichia coli и беше направена морфолошка идентификација според класификацијата по Pussard и Pons (II група).Препишана беше терапија со 0,02% polihexamethylen biguanide (PHMB) со постепено намалување на дозата за време од еден месец се додека не се санира воспалението.Фактори за успешно лекување се:раната и точна дијагноза потврдена со рана идентификација на паразитот и адекватна, навремена,долготрајна и интензивна терапија со 0,02% PHMB.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Makedonski Medicinski Pregled Vesna Cheleva 2003.pdf
Size
8.84 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):18abd2e909bcecb4c0439366446e1b3c
