Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. "Blaze Koneski" Faculty of Philology
  3. Faculty of Philology: Conference papers
  4. Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел во творештвото на Марко Цепенков
Details

Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел во творештвото на Марко Цепенков

Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со следење на темелните својства на раскажувачкото творештво на Цепенков, кој имал потреба „во прикажувањето да создава“. Наспроти воздржаноста на книжевната критика во промислувањето на уметничката развиеност на Цепенковата поезија, постојано се истакнува неговата вештина во стилизирањето на прозниот израз (раскажувањето), која е најимпресивно засведочена во фолклорниот материјал кој го собрал. Приказните собрани од Цепенков упатуваат на начинот како се случувал преминот од усниот кон писмениот израз, како и нивното специфично преплетување (видливо низ специфичната улога на повторувањата, семантички полните имиња, амплифицираните изрази кои го условуваат поврзаниот контекст, редунданцијата и сл.). Истовремено, приказната во која Цепенков го актуализира ликот на Арапот сведочи за неговата специфична техника на преобликување на туѓите културни елементи во дијалошкиот контакт, за што е потврда и преземањето на амбивалентниот спектар на дејствувањето на Арапот како лик. Тоа е особено видливо во хумористичните приказни, каде како соодветник на Арапот се појавува Еѓуптинот (Габер-гаго/Манго/Каргаман). Преку внесување на контекстуални елементи, односно феномени од искуствената стварност во ткивото на сказната, Цепенков ја стилизира и подновува. За јазикот на Цепенков се карактеристични синтагмите кои го одразуваат дијалошкиот контакт на различните јазични идиоми (македонскиот, турскиот, грчкиот и др.), актуелни во времето на 19 век. Творештвото на Марко Цепенков, независно дали се работи за неговите индивидуални (авторски) дела или за собирачката дејност, претставува фасцинантно сведоштво за културните процеси во Македонија во 19 век. Интеркултурноста која се забележува во овој период, импрегнирана и во различните текстовни релации, само ја потврдува импресивноста на творечките пројави од тоа време.
Subjects

Марко Цепенков, дијал...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

И. Т. Хаџи-Бошкова Дијалошката природа на другојазичниот говорен и културен модел.docx

Size

62.56 KB

Format

Microsoft Word XML

Checksum

(MD5):67a2857344b50175fb931ec2478ea0f3

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify