ПРОЦЕНКА НА УСПЕШНОСТА НА ПЛИКАТУРИРАНА КОЛПОСУСПЕНЗИЈА СО АНАЛИЗА НА Α И Β АГЛИТЕ
Journal
Medicus
Date Issued
2025-07
Author(s)
Zlateska Gjurikj, Sofija
Damjanovikj, Aleksandra Zlateska
Abstract
Уринарна инконтиненција (UI) е честа состојба која може да ги афектира жените во било која возраст и е претставена со широк дијапазон на симптоми. Ретко е животно загрозувачка, но влијае на физичката, менталната и социјалната благостостојба. Ултразвукот во урогинекологијата овозможува евалуација на статички и динамички соодноси на долен уринарен тракт. Материјал и методи: Во оваа студија е прикажана употребата на ултразвукот
во пре- и пост- оперативно следење на пациентките со стрес уринарна инонтиненција (SUI). Вкупно 40 жени влегоа во оваа проспективна рандомизирана студија. Беа поделени на две групи од по 20. Со помош на трансперинеален 2D ултразвук, се мереа α и β аглите во мир и во тек на Валсалва маневр. Во првата група беше изведена изолирана колпосуспензија, а во втората група беше направена и тотална абдоминална хистеректомија со билатерална салпингооофоректомија.
Резултати:α и β аглите беа сигнификантно помали во тек на постоперативните контроли во споредба со предоперативните вредности на истите. T-тестот го потврди овој инкремент со медицински значајна статистичка сигнификантност(p≤0.05).
Заклучок:Со мониторирање на овие два агли пред и постоперативно, може да се добие објективност во клиничката евалуција и проценка на успешноста на хируршкиот третман на SUI.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ПРОЦЕНКА НА УСПЕШНОСТА НА ПЛИКАТУРИРАНА КОЛПОСУСПЕНЗИЈА СО АНАЛИЗА НА Α И Β АГЛИТЕ.pdf
Size
386.43 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):57bb4fb3d99fe7df6eb7b438df153ef9