Податочно воден пристап за подобрување на решениjата каj хардверските кола и системи
Date Issued
2017
Author(s)
Здравески, Владимир
Abstract
Податочно водениот пристап се применува на хардверски кола и системи, насочу- ваjќи се кон мали системи, какви што се електронските кола, големи хомогени системи, како електричните мрежи и големите хетерогени системи какви што се интегрирани софтверски решениjа за паметен град. Во областа на мали системи ги презентираме онтологиjата на доменот, коjа го поедноставува процесот на размена на мета-податоци за компонентите и поддржува размена и повторна употреба на информации меѓу софтверски агенти, интегрирани во алатките за автоматизациjа на електронски дизаjн. За да се покаже корисноста и употребливоста на овоj пристап, ние создадовме прототип на интелигентен софтверски агент и веб апликациjа базирана на онтологиjата, кои нудат споделување, пронаоѓање, повторна употреба и композициjа на компоненти. Во насока на големи хомогени системи предлагаме иновативен, многу едноставен алгоритам за динамичко интелигентно балансирање на товар, што ги намалува загубите на моќност во мрежата на дистрибуциjа на електрична енергиjа. Нашето решение лесно се применува на секоj дел од дистрибутивната мрежа, без суштински измени на инсталациjата на мрежата. Концепт воден од ISO 37120 стандардот за услуги и квалитетот на животот во еден град, е предложен како унифицирана рамка за паметни интегрирани софтверски решениjа во полето на големи хетерогени системи. Врз основа на предложената архитектура е развиена прототип апликациjа за градот Скопjе, Македониjа.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
S-VladimirZdraveski2017.pdf
Size
15.57 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b9a669c4513c5c4698990aa0190f0b7f
