OSTEOPOROSIS DURING A PANDEMIC
Journal
Macedonian Medical Review
Date Issued
2022
Author(s)
Filip Guchev
Abstract
Вовед. Остеопорозата се дефинира како системско скелетно заболување кое се карактеризира со ниска коскена минерална маса и микроаритектурни нарушувања. Таа претставува болест кај која се намалува бројот на коскените гредички и нивната поврзаност. Истовремено доаѓа до намалување на кортикалната коскена густина, со што коските стануваат порозни, фрагилни и лесно кршливи.
Цел. Презентација на препораките за третманот на остеопороза во услови на пандемија на Ковид-19, ризикот од инфекција, вакцинација и лекување во исто време.
Методи. Направен е преглед на упатствата на водечките светски здруженија за коскено здравје и остеопороза од достапната литература. Како материjали се користени препораки и водичи за остеопороза на следните здруженија: Национална фондација за остеопороза (USA), Кралско здружение за остеопорозa на Велика Британија, Остеопороза Канада,
Американското здружение за истражување на коските и минералите (ASBMR), Американското здружение за клиничка ендокринологија (AACE), Европското здружение за калцифицирано ткиво (ECTS), Меѓународната фондација за остеопороза (IOF ), и Националната фондација за остеопороза (NOF).
Резултати. Направена е компилација на горе наведените упатства и препораки која претставува упатство за лекување на остеопорозата во време на пандемија со ковид-19. Остеопорозата не го зголемува ризикот од инфекција со ковид-19 и не влијае на
компликациите на болеста. Нема докази дека терапијата за остеопороза го зголемува ризикот од инфекција и сериозноста на инфекцијата. Вакцините се безбедни и ефективни и не бараат промена во терапијата за остеопороза. Нема контраиндикации за вакцинација на пациенти со остеопороза, доколку немат и друго заболување за нив важат општите
контраиндикации кои се однесуваат за сите.
Заклучок. Пациентите со остеопороза не треба да ја прекинуваат тековната терапија во време пандемијата со ковид-19. Во услови на преоптеретеност на здравствениот систем дозволено е одложување на следната доза на антиостеопоротичен лек кое е
различно по должина во зависност од лекот кој се користи. Вакцинацијата се препорачува независно од терапијата за остеопороза.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
MLD Osteoporosis.pdf
Size
3.64 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7dd5a2db6adf70a9771a03576d014731