Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Корелација на измерената централна корнеална дебелина со рефрактивни аномалии
Details

Корелација на измерената централна корнеална дебелина со рефрактивни аномалии

Date Issued
2019
Author(s)
Исмаили, Мимоза
Abstract
Позадина: Поради високата застапеност на рефрактивни абнормалности, особено миопија, релативно раната возраст на пациентите, последиците од нејзиното нетретрирање, зголомената потреба за рефрактивна операција, делумно поради зголемениот интерес за континуирана употреба на контактни леќи, високиот трошок за терапијата, и раното идентификување на лицата кои се изложени на поголем ризик од развивање на глауком со отворен агол. Прогностичкото значење за утврдување на успешноста на операцијата и веројатните постоперативни компликции, истражувањето на значењето на новите испитувачки методи при дијагностицирање и третирање, и многу други факти јасно ја покажуваат неопходната потреба за спроведување на мерките за спречување. Оштетувањето на видот како резултат на некоригирани рефрактивни грешки може да има директни и долгорочни последици кај децата и возрасните, како што е губење на приликите за образование и вработување, губење на економските придобивки кај поединците, семејствата и заедниците и загрозување на квалитетот на живот. Цел: Поради тоа, конкретната цел на оваа студија е: Проценување и споредување на мерењето на централната корнеална дебелина кај пациенти со рефрактивни аномалии и еметропични испитаници. Материјали и методи: Студијата е проспективна, и таа ќе се спроведе на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, Одделение за Офталмологија, со испитување пациенти кои се упатуваат како амбулантски пациенти, поради симптоми на нарушен вид. Студијата ќе вклучи 300 пациенти кои ќе бидат поделени во две групи: тест група (150) и контролна група (150), и таа ќе има времетраење од февруари 2016 до јануари 2018 година. Сите пациенти ќе ги извршат следните испитувања: - Одредување на острината на видот со Снелен графиконот. - циклоплегична примена која овозможува парализа на акомодацијата со одредено време (1% Тропицамиде), - мерење на диоптрија со авторефрактометар, - мерење на оптичката оска - мерење на кератометријата, - мерење на ЦЦТ (централна корнеална дебелина) со ултразвучен пахиметар - мерење на интраокуларна тензија со апланациониот метод на Голдман и - офталмолошко испитување со офталмоскопија и волк. Очекувани резултати: Се очекува дека резултатите ќе се усогласени со претходните студии кои ја утврдија корелацијата помеѓу ЦЦТ и рефрактивните аномалии. Предиктивната улога на корелацијата помеѓу измерената централна корнеална дебелина и рефрактивните аномалии, како и истражувањето на дијагностички и терапевтски пристап може да овозможи постигнување на најповолна реакција кај одредени пациенти. Испитувањето на ЦЦТ кај рефрактивните аномалии овозможува планирање и одредување на најсоодветниот метод за коригирање на соодветните абнормалности. Оптималната корекција овозможува подобри резултати, со што се намалуваат трошоците за третирање и се спречуваат можните компликации.
Subjects

ЦЦТ, визус, УСП ултра...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

S-MimozaIsmaili2019.pdf

Size

2.62 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):c732af471cd0dabd25871aa7c6dd0dd2

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify