Блаже Конески за македонскиот литературнојазичен развој
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со истражување на раните статии на Конески за македонскиот литературен јазик (од 50-тите години на 20 век), но и со подоцнежните, кои го покажуваат неговиот нестивнат интeрес за актуелностите од неговата животна стварност. Тие го потцртуваат неговиот методолошки избор – да ја иследува македонската литература повеќеслојно (како систематичен тек од различни литературни творци и како предуслов за развојот на македонскиот јазик). Тргнувајќи од творците и од литературните појави во македонскиот 19 век, Конески ги исцртува суштинските елементи кои зборуваат за посебноста и за изделеноста на македонскиот јазичен и културен идентитет. Едно важно прашање кое Конески го разгледува претставува прашањето за стилот, осврнувајќи се истовремено и кон проблемот на поширокиот културен контекст, кој е од исклучително значење за развојот на која било култура. Тие негови размислувања за контактите меѓу различните традиции претставуваат драгоцено сведоштво за правилното разбирање на културните процеси – токму фактот дека ниедна култура не може да постои изолирано и без нужните пресекувања со другите културни традиции. Токму литературниот јазик е оној феномен кој Конески детално и прецизно го истражува, овозможувајќи увид во недвосмислениот континуитет на македонскиот национален и културен идентитет.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова.docx
Size
40.79 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):7b621ab488be187b3251b1a9aeb61570
