Проста и строга македонска песна како лирска биографија на Конески
Date Issued
2023
Author(s)
Мојсова-Чепишевска, Весна
Антоновски, Иван
Abstract
: Грамофонската плоча „Проста и строга македонска песна“ издадена во 1981 година, по повод шеесетгодишнината од раѓањето на Блаже Конески е најмалиот по обем избор од неговото поетско творештво. Се чини дека самиот тој не само што е присутен и како интерпретатор / рецитатор на сопствената поезија, туку има учествувано и во подготовката на изборот, како впрочем и при подготовката на сите избори од неговото творештво објавени во текот на неговиот животен век. Во изборот објавен 12 години пред физичкото заминување на Конески, покрај дел од најпознатите и најанализираните, поместени се и песни коишто ретко се коментирани и на коишто книжевната наука ретко им се навраќа – песни коишто досега не биле застапени во поетските антологии, а сигурно има причина зошто Конески инсистирал или прифатил токму тие да бидат дел од ова издание.
По микрочитање на сите застапени песни, особено преку анализа на односот меѓу лирскиот субјект и лирскиот објект во контекст на конкретната тема или мотив, се доаѓа до заклучок дека тие се дел од она што Атанас Вангелов би го нарекол лирска биографија на Конески – песни коишто го претставуваат она што е лиризирана интимност на Конески. Во трудот се
прави обид токму преку овие песни да се издвојат кодовите на лирската биографија на Конески, преку тематско-мотивски блокови коишто ги претставуваат песните застапени на плочата издадена во 1981 година, а коишто се присутни / повторливи во речиси сите творечки фази на Конески.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
100-godini-Koneski-1.3. (1) (1).pdf
Description
„ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА“ КАКО ЛИРСКА БИОГРАФИЈА НА КОНЕСКИ
Size
393.3 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9e7b2e273273be32f0eb0f2925e9ca82