Книжевноестетските и стилските можности на литературата за деца
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со истражување на клучните категории поврзани со литературата за деца (нејзиното дефинирање, проблемот на авторот и читателот, текстот како феномен и сл.), кои сведочат за природата на ова специфично подрачје во литературата. Дополнително, се анализираат можностите на литературата за деца, како стилски така и естетски, кои го исцртуваат и патот по кој таа научно се истражува. Во таа смисла, потесен предмет на нашата анализа ќе биде романот за млади Имаш пчела на носот (роман за њутајмери и олдтајмер тинејџери) од реномираниот македонски автор и професор, Венко Андоновски. Овој наш избор произлегува првенствено од фактот дека се работи за автор кој со оваа книга зачекорува цврсто во подрачјето на македонската литература за деца, а дополнително и од тоа што во овој текст, на еден мошне карактеристичен начин, се преиспитуваат стилските можности на литературата воопшто, што истовремено ја демистифицира строгата тематска/жанровска поделба.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова Книжевноестетските и стилските можности.docx
Size
42.36 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):b2dabcb4d28b13b9b0dc7b0353a90cb9
