Орална историја и колективна меморија („Темни кажувања“ на Кирил Ќамилов и „Невестата на змејот“ на Влада Урошевиќ)
Date Issued
2015-12
Author(s)
Трајче Стамески
Abstract
Овој текст ги анализира интертекстуалните релации меѓу книгата „Темни кажувања“ на Кирил Ќамилов и „Невестата на змејот“ на Влада Урошевиќ) во контекст на македонската усна историја и колективна меморија. Текстовите во книгата на Ќамилов евоцираат настани и состојби во Југозападна Македонија непосредно пред Илинденското востание од 1903 година, како незаобиколив дел од еден поширок историски контекст на случувањата во Југо-источна Европа и Отоманската Империја на почетокот од дваесетиот век. Од овој аспект, овој текст ја разгледува уметничката контекстуализација на овие наративи во романот на Урошевиќ, како ретки и драгоцени информации за историско-политичките и општествените превирања во Македонија на почетокот од минатиот век, кои од современа научна перспектива нудат релевантни одговори на многу актуелни историски и идентитетски прашања.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Орална историја и колективна меморија.pdf
Size
352.62 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ace4d8ab5ffd7ccf6d615ce6c0bb263b
