Пионерски и револуционерен чекор во македонското учебникарство
Journal
Палимпсест / Palimpsest
Date Issued
2022
Author(s)
Антоновски, Иван
DOI
10.46763/PALIM22714257a
Abstract
Овој труд претставува осврт кон второто, дополнето и изменето издание на првиот учебник по македонска литература и култура за странци, „Везилка“ од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Со исклучок на учебникот на Георги Сталев за македонската литература во XIX век, ова е единствениот академски учебник по македонска литература не само за странските македонисти туку и за македонските студенти по филологија. Во трудот одделно се коментираат и анализираат поглавјата на второто издание на учебникот, објавено во 2022 година и читанката „Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна“. Во заклучните согледби на овој осврт, меѓу другото, се истакнува дека второто, дополнето и изменето издание на „Везилка“ е учебник напишан според меѓународните стандарди за ваков тип публикации, но дека едновремено овој учебник во нашиот национален контекст и воспоставува стандарди за учебникарство, особено кога станува збор за претставување на македонската литература и култура пред странски реципиенти.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
5577-Article Text-9697-2-10-20230225.pdf
Description
ПИОНЕРСКИ И РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЧЕКОР ВО МАКЕДОНСКОТО УЧЕБНИКАРСТВО
Size
4.8 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c30a4333cfc14ae8b33f298afd0d91fe
