Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?
Date Issued
2023
Author(s)
Мојсова-Чепишевска, Весна
Антоновски, Иван
Abstract
Препрочитувањето на последната книга на Ацо Шопов, „Дрво на ридот“ (1980), упатува кон согледба дека во неа, за првпат во неговиот опус дотолку експлицитно е сеприсутна Македонија – речиси во секоја песна. Но, тоа и ја отвора дилемата – каде е Македонија во поезијата на Шопов? Зошто токму во последната своја книга, Шопов дотолку инсистира да ја споменува Македонија? Дали нејзината експлицитна присутност во оваа книга и претходно реферирањето кон татковината во збирката „Песна на црната жена“ (1976) се прво пројавување на Македонија во неговата поезија? Или всушност, Македонија е постојано присутна во поезијата на Шопов, а во оваа аманетна книга се пројавува експлицитно? Во потрагата по одговори на овие прашања, со исчитување на севкупниот опус на Шопов, во трудот се доаѓа до теза-заклучок дека Македонија е постојано присутна во неговата поезија, од првата до последната книга, при што во секоја негова творечка фаза е присутна во различна форма, соодветна на особеностите со кои таа фаза се одликува. Анализата во трудот, согледувајќи ја Македонија како дел од авторовата интимност, и вопоставувајќи синтези меѓу поезијата и искажувањата на Шопов надвор од поетската реч, отвора и други прашања. Меѓу другите и прашањето колку поезијата на Шопов е интимистичка само во една фаза или сите фази на неговото творештво се различни форми на поетски интимизам. Притоа се претставува и тезата-заклучок дека во поезијата на Шопов постојано има некоја спрега меѓу колективното и индивидуалното (и обратно), во патувањето од себеси до својата небиднина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
6257-Article Text-11026-1-10-20231228.pdf
Description
Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?
Size
201.24 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a413467a7ba9253fe6f22657489ef4ff
