Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
  4. Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија
Details

Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија

Date Issued
2012
Author(s)
Христова, Снежана
Abstract
Во спрега на нови односи и промени што се иницирани пред сè од глобализацијата и од децентрализацијата, се воспоставија нови политики и практики во развојот на локалните средини, така што национално-економското ниво, од глобален аспект, ја релативизира сопствената улога за сметка на локалното ниво, кое практично прерасна во единица на фокусирање на процесите на економскиот развој. Локалниот економски развој (ЛЕР) е процес во кој локалните власти во општините преку нивната соработка со институциите од јавниот сектор, со бизнис-заедницата и, во одредена мера, со невладиниот сектор креираат поповолни услови за економски пораст и намалување на невработеноста. На овој начин локалната самоуправа помага во зајакнувањето на локалната економија, креирањето динамична претприемачка култура и поволна бизнис-клима, унапредувајќи го на тој начин и квалитетот на живот на граѓаните во општината. Локалната самоуправа треба целосно да го промени концептот на дејствување, во смисла да ги зајакне своите компетенции и способности, во решавањето на локалните економски проблеми, односно во задоволувањето на локалните потреби. Логиката зад ова е едноставна: локалните власти се поспособни да се приспособат на спецификите и да ги утврдат приоритетите на локалниот економски развој. Предмет на трудот е ЛЕР во Република Македонија, како една од клучните пренесени надлежности на единиците на локалната самоуправа во децентрализацијата. Повеќе од една деценија од активното пренесување на ингеренциите за ЛЕР е доволен период да се анализираат состојбите поврзани со ЛЕР кај нас и особено улогата на локалната самоуправа, која со примена на адекватни ЛЕР-политики и стратегии треба да биде катализатор на развојните процеси во општината. ЛЕР, поради својата комплексност и мултидимензионалност, покрај основната детерминираност од (не)поволните локални услови т.е. ресурси (природни потенцијали, географска местоположба, базична работна сила), како и од правната и институционална рамка, определува порастот и развојот на општината да зависат и од моќта и од способноста на локалните власти за примена на интегрални пристапи во процесот на спроведување и имплементација на политиките, стратегиите и инструментите. Посебно внимание во трудот им се посветува на аспектите за јакнење на капацитетите за финансиска доволност и самтабла остојност на општините, за стратегиско планирање и на компетентноста и стручноста на административниот кадар, кои се основни императиви за поддршка и постигнување економски развој преку активирање на условите и организациските структури за пресретнување на локалните потреби. Постојните предности и потенцијали во општините кај нас се недоволно искористени и, оттаму, тие треба преку примената на мерките и на инструментите на локално-економската политика од компаративни да се претворат во конкурентски предности, со што ќе може да се генерира отворање на нови работни места и да се зголеми благосостојбата на заедницата, а со тоа и повеќе ќе се афирмира самото значење на ЛЕР.
Subjects

локална самоуправа, л...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

SnezanaHristova2013.pdf

Size

5.35 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):dd3f77c03368c3b1ab614f24094865bd

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify