ЛATЕНТЕН АВТОИМУН ДИЈАБЕТЕС НА ВОЗРАСНИ: ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Date Issued
2020
Author(s)
Ц. Волкановска Илијевска
Џ. Михајловска
М. Тошевска
Abstract
Вовед:
Латентниот автоимун дијабетес на возрасните( LADA) се смета како подгрупа на тип 1 дијабетес и честопати е
погрешно дијагностициран како тип 2 дијабетес. LADA се карактеризира со почеток во подоцнежна возраст > 35
години и циркулирачки автореактивни антитела кон Б клеточни протеини (ICA, IAA, GAD65, IA2, ZnT8). Бавната
прогресија на овој вид на дијабетес, со краткотраен одговор на орална терапија, ја прикрива вистинската дијагноза.
Приказ на случај:
Пациент на 47 годишна возраст, иницијално дијагностициран како тип 2 дијабетес, бил поставен на двојна орална
терапија со глимепирид 3mg и метформин 1000mg. Лабораториската вредност на ХбА1ц во време на дијагноза
била 10%. Еден месец по дијагнозата пациентот се јави во нашата установа. Неговиот БМИ беше 23 kg/m2, а
лабораториската вредност на Ц-пептид -1.01 ng/ml(0.5-2.9 ng/ml). Поради брзо намалување на потребите за двојна
терапија, пациентот беше оставен на монотерапија со метформин 1000mg. Во следната година и пол пациентот
одржуваше добра гликемиска контрола, со ХбА1ц вредности под 7%. По наведениот период настапи брзо
влошување на гликемиите и пораст на вредноста на ХбА1ц од 6.9% на 8.6% за временски период од 2 месеци, и
покрај воведувањето на максимални дози на глимепирид и метформин. Поради ниски резерви на инсулин, Цпептид во време на дијагноза, нивно брзо опаѓање, краткотраен одговор на орална терапија и атипична слика, се
постави сомневање за LADA. Поради тоа беше направена анализа на 4 достапни циркулирачки антитела.
Анализата потврди автоимуна етиологија на дијабетесот, со три позитивни антитела: IAA- 38.60 IU/ml, ICA119.8IU/ml, IA-2- >280 IU/ml. Пациентот беше рекласифициран како LADA и беше поставен на една доза
долгоделувачки базален аналог, инсулин деглудек (Tresiba (insulin degludec injection) 100 U/mL) и брзоделувачки
инсулин аспарт пред оброците (Fiasp (insulin aspart injection) 100 U/mL). По воведување на инсулинската терапија
беше постигната добра гликемиска контрола, со вредност на ХбА1ц од 6.7%.
Заклучок:
Навременото препознавање и соодветниот третман на пациентите со овој вид на дијабетес ја избегнува
незадоволителната гликемиска контрола, несаканите ефекти од несоодветна терапија и ризикот од развој на
компликации.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
MLD.png
Size
80.1 KB
Format
PNG
Checksum
(MD5):7ca93a7c63b2b27ef165dca4d41855e4
Loading...
Name
MLD.2.png
Size
25.16 KB
Format
PNG
Checksum
(MD5):8a41387cb7cd3e0992c6208647566f53