Дијалогот на идеологемите во романот „Браќа Карамазови“ од Фјодор М. Достоевски
Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со истражувањето на специфичностите на идеологемата како единица во рамките на уметничкиот свет и нејзиниот статус во романот Браќа Карамазови од Ф. М. Достоевски. Во анализите на Михаил Бахтин, Павел Медведев, Јулија Кристева, Фредрик Џејмсон и др., идеологемата се промислува како транспонирање на општествено-културниот контекст во светот на делото (или тоа е сфатено како еден вид идеолошки чин), осветлувајќи ги дискретните релации во дадената сфера, но и во творечкиот процес на создавањето на текстот. Анализата на романот на Достоевски се осврнува кон диференцирање на трите клучни идеологеми – преобразбата „од симбол во знак“, таткоубиството и теизмот/атеизмот, кои покажуваат како содејството на различните елементи овозможува делото да прерасне во врвно уметничко обликување.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
15. Tasevska 129-136.pdf
Size
322.33 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):99d10c9c45e4894447f24ebce2a401f6
