Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Institute of Sociological, Political and Juridical Research
  3. Institute of Sociological, Political and Juridical Research: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Работен модел на процесот на рецепција на пораките во печатените медиуми
Details

Работен модел на процесот на рецепција на пораките во печатените медиуми

Journal
Култура/Culture
Date Issued
2015-11-10
Author(s)
Abstract
Kогнитивните процеси на членовите на медиумската публика кои се вклучени во примањето на пораки од медиумите се толку бескрајно сложени што понекогаш се чини дека тие не можат да бидат систематски анализирани. Како резултат на тоа,
секој напор да се предложи општ (генерален) модел, кој успешно ќе се справува со дискурсите на публиката, се чини дека е осуден да биде ”опседнат” со многу потешкотии, а недостатоците ќе бидат рамноправни со илуминациите кои од тој модел можат да се појават. Шредер го предложи својот мултидимензионален
модел целосно свесен за неминовниот редукционизам и терминолошка неконзистентност вклучени во него. Моделот предлага концептуална рамка за справување со сложените процеси преку кои публиката ги прима, разбира, критикува и одговара на медиумските пораки. Моделот на Шредер, како и моделот, а подоцна и критиката на Хол, истражувањата на Морли и останатите истражувачи во областа на рецепцијата беа поттик за едно вакво истражување на димензиите вклучени во тој можеби краткотраен, но бескрајно сложен процес на примање на медиумските пораки. Резултатите ја нагласија важноста и комплексноста на многу аспекти, процеси, димензии, кои го детерминираат процесот на рецепција; тие ја истакнаа нивната истовремена појавност и меѓу-зависност што пак ја отвори потребата од испитување на нивното заедничко дејствување. И двата, и социолошките и психолошките фактори се важни во процесот на рецепција, но никогаш одвоени од содржината на текстот и начинот на кој содржината е напишана. Се чини како
одредени содржини да провоцираат одредени индивидуални карактеристики, и така
„обединети" го детерминираат рецепцискиот процес.
Subjects

процес на рецепција, ...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

175-1-321-1-10-20151011.pdf

Size

614.26 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):78ad46ee1802f29237cee215c5e3b091

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify