Одлучување во услови на ризик и неизвесност
Journal
Математички омнибус
Date Issued
2019-02-15
Author(s)
Abstract
Носењето одлуки, т.е. одлучувањето, е составен дел од секојдневниот живот на човекот. Многу често при носењето одлуки треба да одбереме една од две или повеќе понудени можности без да бидеме сигурни за последиците од нашиот направен избор.
Задача на теоријата на одлучување е изучување и примена на методите за одредување на најдобриот избор во услови на ризик, кога не се знае што ќе се случи, но е позната распределбата на веројатности на сите можни исходи, или, во услови на неизвесност, кога ниту се знае што ќе се случи, ниту е позната распределбата на веројатности на исходите. Теоријата на одлучување е интердисциплинарна област која ја проучуваат и применуваат
економистите, статистичарите, психолозите, биолозите, филозофите, а наоѓа примена и во политичките и другите општествени науки, како и во компјутерските науки.
Основен постулат на теоријата на одлучување е вреднување на донесената одлука само според последиците од таа одлука. На пример, кај наједноставните проблеми на одлучување во услови на ризик, кај кои на последиците може да им се доделат монетарни вредности, најчесто за најдобра одлука се зема одлуката чии последици имаат највисока очекувана монетарна вредност.
Ќе се обидеме преку примери да изложиме некои од повлијателните критериуми (теории) за донесување најдобри одлуки, почнувајќи од критериумот на очекувана вредност, теоријата на очекувана корисност, теоријата на перспектива и теоријата на кумулативна перспектива, односно да согледаме како со помош на математиката може да се измоделира психолошката природа на човекот при процесот на носење одлуки.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА РИЗИК И НЕИЗВЕСНОСТ.pdf
Description
Article
Size
116.16 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7600a676a63f27ecda63509251265afe