„Непознатиот Иљоски – за младоста што не се враќа (За необјавени драмски текстови на Васил Иљоски)
Date Issued
2023
Author(s)
Антоновски, Иван
Abstract
Трудот е посветен на необјавени драмски текстови на Иљоски, коишто досега не биле достапни за македонската книжевна наука, а коишто ги откриваме во неговата оставнина предадена во 2022 година на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)
од која настанува и фондот „Васил Иљоски“ на Архивот на МАНУ „Харалампие Поленаковиќ“. Во трудот необјавените драмски текстови се коментираат и анализираат во отсутво на експлицитно датирање од авторот, при што ги периодизираме во периодот меѓу двете светски војни – драмскиот текст „Младоста не се враќа“ („Младост се не
враћа“) и ненасловен драмски текст. Имајќи предвид дека во отсуство на датирање од авторот, според обележјата на ракописите (јазик, стил, потпис Васа Илић итн.), цениме дека станува збор за драмски текстови настанати во периодот меѓу двете светски војни, творечките/поетичките особености во нив ги анализираме во контекстот на тој
период во македонската драма, односно во контекст на поетиката на битовата драма. Во анализата се констатираат неколку суштински отстапувања од некои од доминантите во веќе познатите драмски текстови на Иљоски од првата половина на XX век, но и воопшто
од битовиот код на драмскиот текст, што, покрај до тези, доведува и до конкретизирање прашања и дилеми што можат да се основа за натамошни истражувања со овој обемен материјал.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
_0430122723_001.pdf
Size
719.72 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7b67baca3804128592488e34e02a16cf