Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет
Date Issued
2020
Author(s)
Aneta Jovkovska
Abstract
Разгледувајќи ги особеностите на воспитанието во Стариот и Новиот Завет, во овој труд се истакнати основните елементи на типолошкиот модел на православното христијанско воспитание. Моделот овозможува да го разбереме процесот на духовното обликување на личноста, принципите и методите на воспитанието, како и педагошките услови. Ваквиот пристап, исто така, дава можност за споредба на моменталното ниво на духовно-моралното обликување на една личност со идеалниот модел на воспитанието.
Воспитанието во Стариот Завет е сконцентрирано на законот, праведноста, стравопочитувањето и мудроста. Тоа има за цел враќање на природното достоинство на човекот. Воспитанието, пак во Новиот Завет е сконцентрирано на најголемите заповеди за љубовта и има за цел враќање на богочовечкото достоинство, бидејќи законот очовечува, а љубовта обожува. Оттука, семејниот живот и воспитувањето на децата претставува заедничко „патување“ во љубовта, а не само низа предизвици што треба да се решат.
Воспитувањето на децата е света должност на возрасните, па затоа православното христијанско воспитание има за цел да им помогне на родителите да разберат дали секојдневните предизвици на родителството го олеснуваат нашиот пат кон Христа и патот на нашите деца кон Христос. При тој пат, важно е да не се изгуби во процесот главната референтна точка, главната цел на животот на секој христијанин - спасението на душата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Анета Јовковска-Методи и принципи на воспитанието на децата во Стариот и Новиот завет.pdf
Size
582.13 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):53c354b28eb8db65b9515fc9b72348ce