Ратко и Мирко и уште неколку лексички особености на преводот на збирката раскази „Викајте ме Естебан“ од Лејла Каламуиќ од босански на македонски јази
Date Issued
2022-05-26
Author(s)
Арсов, Борче,
Ѓурчевска Атанасовска, Катарина
DOI
10.18690/um.ff.4.2022.8
Abstract
Збирката раскази „Викајте ме Естебан“ од Лејла Каламуиќ во оригинал на босански јазик („Zovite me Esteban“) е издадена во 2015 г., а во 2017 г. излегува од печат и преводот на македонски. Станува збор за автобиографска збирка и интимно четиво на една од најчитаните современи (квир) авторки денес во Босна и Херцеговина. Самиот оригинал изобилува со елементи особено интересни за проучување на повеќе јазични рамништа, а преводот, умешно следејќи ја мислата на Каламуиќ, одлично ја пресликува содржината на македонски јазик. Тргнувајќи oд тоа како „потстанарите“ Rat и Mir, на македонски стануваат Ратко и Мирко, преку басамаците и меаната во расказите каде што главни ликови се бабите и дедовците, сѐ до особено интересните преводи на дел од колоквијалната лексика, во овој труд правиме избор на повпечатливите преводни решенија, кои придонесуваат едно вакво емотивно и богато, а, сепак, минималистичко дело, да се почувствува „домашно“ на македонски јазик.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ratko i mirko.pdf
Size
725.81 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):68debd4338f80e24bca63e13616d4e57
